Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Автомото Вебер победи во Бразил, за Фетел шампионската титула

Вебер победи во Бразил, за Фетел шампионската титула

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Марк Вебер, пилотот на Ред Бул, победи на последната трка оваа сезона, во првенството на Ф1, која се возеше на патеката „Жозе Карлос Паче" во Бразил.

Вебер до првата победа оваа сезона, вкупно седма во кариерата, стигна пред тимскиот колега, двојниот светски првак Себастијан Фетел и вицепрвакот Џенсон Батон на Мекларен Мерцедес.

Трката започна со сигурен старт на водечкото трио, а единствено Алонсо успеа да го претекне Хамилтон, кој се најде пред Фелипе Маса, откако Бразилецот успеа да го замени местото со Нико Розберг. Во почетните кругови, Фетел беше оној кој го диктираше темпото, се додека преку тимското радио не му беше јавено дека забележан е проблем со менувачот, поради кој што Германецот ќе треба да ги намали вртежите на моторот во вториот и третиот степен од преносот.

Таквиот проблем на Фетел значеше можност за Марк Вебер, кој успеа да го претекне својот тимски колега во 30 круг. Во продолжение, иако се очекуваше разликата да биде намалена од страна на Алонсо, Германецот на големо изненадување дури успеваше со проблематичен менувач да биде половина секунда побрз од Шпанецот по круг.

Со сличен проблем како оној на Фетел се соочи и Хамилтон, кој за разлика од Германецот, не успеа да ја заврши трката. Во 48 круг, Хамилтон се откажа од битката со Маса и го паркираше болидот по првите два свиока. До крајот на трката, за одвојување е претекнувањето над Алонсо од страна на Батон, кој така успеа да стигне до третата позиција.

Првата победа на Вебер во сезоната му го донесе третото место во поредокот, со што Австралијанецот го „спушти“ Алонсо на четвртата позиција.

Резултати од трката:

Поз  Возач                    Тим                           Време
 1.  Марк Вебер               Red Bull-Renault              1ч32:17.434
 2.  Себастијан Фетел         Red Bull-Renault              +    16.983
 3.  Џенсон Батон             McLaren-Mercedes              +    27.638
 4.  Фернандо Алонсо          Ferrari                       +    35.048
 5.  Фелипе Маса              Ferrari                       +  1:06.733
 6.  Адријан Зутил            Force India-Mercedes          +     1 круг
 7.  Нико Розберг             Mercedes                      +     1 круг
 8.  Пол ди Реста             Force India-Mercedes          +     1 круг
 9.  Камуи Кобајаши           Sauber-Ferrari                +     1 круг
10.  Витали Петров            Renault                       +     1 круг
11.  Хаиме Алгуерсуари        Toro Rosso-Ferrari            +     1 круг
12.  Себастијан Буеми         Toro Rosso-Ferrari            +     1 круг
13.  Серхио Перез             Sauber-Ferrari                +     1 круг
14.  Рубенс Баричело          Williams-Cosworth             +     1 круг
15.  Михаел Шумахер           Mercedes                      +     1 круг
16.  Хеики Ковалаинен         Lotus-Renault                 +    2 круга
17.  Бруно Сена               Renault                       +    2 круга
18.  Јарно Трули              Lotus-Renault                 +    2 круга
19.  Жером Д`Амброзио         Virgin-Cosworth               +    3 круга
20.  Даниел Рикардо           HRT-Cosworth                  +    3 круга

Најбрз круг: Марк Вебер - 1:15.324

Hits: 99
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...