Со пол позицијата попладнево во Бразил, Фетел успеа да стигне до својата петнаесетта пол позиција оваа сезона со што го помина Најџел Мансел по бројот на пол позиции освоени во една сезона на вечната листа.
До Фетел ќе стартува неговиот тимски колега, додека вториот ред го сочинува дуото на McLaren предводено од Батон.
Откако Џенсон Батон постави најдобро време во првиот дел од квалификациите, актуелниот шампион беше недостижен во преостанатите две. Во последната квалификациска сесија, успеа да постави најдобро време на три минути пред крајот, а подоцна истото го подобри, недозволувајќи некој да го лиши од подобрување на рекордот на Мансел.
Останатите, едноставно се бореа за подобра стартна позиција. Вебер успеа да стигне до првиот ред, а од вториот ќе стартуваат Батон и Хамилтон. Алонсо, по деветти пат оваа сезона ќе стартува од петтата позиција, а со него во третиот ред се најде и Нико Розберг.
Домашниот миленик стигна до седмата позиција, а најдобрите десет ги комплетираа Зутил, Сена и Михаел Шумахер. Седумкратниот светски шампион се одлучи да ги „штеди“ пневматиците за утрешната трка, па така не комплетираше ниту еден круг во последната квалификациска сесија.
Трката е утре, (недела) со почеток во 17:00 часот, по македонско време.
Официјални времиња од квалификациите:
Поз Возач Тим Време Разлика
1. Себастијан Фетел Red Bull-Renault 1м11.918с
2. Марк Вебер Red Bull-Renault 1м12.099с + 0.181
3. Џенсон Батон McLaren-Mercedes 1м12.283с + 0.365
4. Луис Хамилтон McLaren-Mercedes 1м12.480с + 0.562
5. Фернандо Алонсо Ferrari 1м12.591с + 0.673
6. Нико Розберг Mercedes 1м13.050с + 1.132
7. Фелипе Маса Ferrari 1м13.068с + 1.150
8. Адријан Зутил Force India-Mercedes 1м13.298с + 1.380
9. Бруно Сена Renault 1м13.761с + 1.843
10. Михаел Шумахер Mercedes
Време за К3: 1м13.571с Разлика **
11. Пол ди Реста Force India-Mercedes 1м13.584с + 1.138
12. Рубенс Баричело Williams-Cosworth 1м13.801с + 1.355
13. Хаиме Алгуерсуари Toro Rosso-Ferrari 1м13.804с + 1.358
14. Себастијан Буеми Toro Rosso-Ferrari 1м13.919с + 1.473
15. Витали Петров Renault 1м14.053с + 1.607
16. Камуи Кобајаши Sauber-Ferrari 1м14.129с + 1.683
17. Серхио Перез Sauber-Ferrari 1м14.182с + 1.736
Време за К2: 1м14.571с Разлика *
18. Пастор Малдонадо Williams-Cosworth 1м14.625с + 1.344
19. Хеики Ковалаинен Lotus-Renault 1м15.068с + 1.787
20. Јарно Трули Lotus-Renault 1м15.358с + 2.077
21. Витантонио Лиуци HRT-Cosworth 1м16.631с + 3.350
22. Даниел Рикардо HRT-Cosworth 1м16.890с + 3.609
23. Жером Д`Амброзио Virgin-Cosworth 1м17.019с + 3.738
24. Тимо Глок Virgin-Cosworth 1м17.060с + 3.779

























