Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Спорт Автомото Шок во Ф1: Ферари се закани со заминување

Шок во Ф1: Ферари се закани со заминување

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Претседателот на Ферари, Лука ди Монтеземоло им се закани на челните луѓе во Формула 1: „Менувајте ги правилата или Ферари заминува“.

Како институција Скудерија Ферари е исклучително важна за Формула 1, но според изјавата на Монтеземоло за официјалната интернет страница на екипата, Ферари ќе продолжи да се натпреварува само доколку се сменат правилата. Според него аеродинамиката има преголема улога во Формула 1 што многу влијае врз Ферари и неговиот имиџ.

„Формула 1 сé уште е нашиот живот, но без Ферари нема Формула 1, исто како што ни Ферари не би бил истиот без Формула 1. Ние сме многу трпеливи, но поставивме јасни услови под кои тимот ќе остане во натпреварувањето. Ние не се натпреваруваме само поради публицитетот, туку поради тоа што учеството во Светското првенство ни носи успешни истражувања за нашите патнички автомобили: механички компоненти, шасија, мотори, електроника, материјали и аеродинамика. Пренос на ваквите сознанија особено порасна во последните дваесет години“, вели претседателот на Ферари.

Монтеземоло дополни дека „не е добро што 90 отсто работата на болидите е заснована на аеродинамиката, а втора негативна работа е тоа што ова е единствениот спорт во кој не се дозволени тестирања. Ние произведуваме автомобили, а не ракети, авиони или хеликоптери. Поради ова не сме во можност да им прожиме шанса во возачката академија на Ферари (Ferrari Driver Academy)“.

Монтеземоло ја повтори желбата Комисијата на Формула 1 да дозволи да снабдуваат други тимови со нивите болиди.

„Идејата за трет болид ние ја поддржуваме не поради нас самите туку поради самиот спорт. Мислиме дека гледаноста би се зголемила кога на патеката би имале повеќе конкурентни болиди, а не такви кои доцнат неколку секунди по круг. Како пример ќе ја наведам 1961 година кога Џанкарло Багети победи на ГН на Франција со својот приватен Ферари. Токму за тоа се работи би било добро за некоја година да го видите нашиот болид во американски, кинески или тим од Абу Даби“.

На крајот од неговата изјава за клупската интернет страница Монтеземоло не ја исклучи можноста Ферари да го напушти шампионатот, бидејќи како што вели „ние во Формула 1 не сме спонзори туку конструктори“.

Ваквите изјави на Монтеземоло најверојатно се поттикнати од тешката и фрустрирачка сезона за тимот, Ферари сезонава е зад Ред Бул и Мекларен, а екипата забележа само една победа во првенството (Алонсо на ГН на Велика Британија).

Hits: 105
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...