Во 2009 година има драматично намалување на ТВ публиката од 80 милиони, на бројка од 520 милиони за годината, најмногу поради трките кои се одржуваа подоцна, вели извештајот на Ф1 Групацијата, која ги контролира овие прашања во спортот.
Падот од 13%, прв во пет години, секако ќе има влијание на одредувањето на цената на новите ТВ договори. Големи падови има во Шпанија и Бразил, додека Велика Британија е единствениот нагорен тренд, каде што ББЦ во првата година на емитување по превземањето на правата од ИТВ има раст од 6%.