Шампионатот на Формула 1 во идната година ќе остане со актуелните 12 тима, но ќе има една трка повеќе во календарот и ќе брои рекордни 20, а новитет е Големата награда на Индија
Челниците на Ф1 објавија дека 13 тим нема да има идната година, но и дека сезоната ќе биде најдолга во историјата, па псоред првиот нацрт на календарот, кој на крајот на годината ќе биде потврден, сезоната почнува на 13 март во Бахреин, а ќе заврши во Бразил на 27 ноември.
Сезоната ќе трае полни девет месеци и тоа никогаш не се сличило досега во 61-годишната историјата на Ф1. Деби трка ќе има Гран-прито на Индија, на новата патека која ќе се вози во близина на Њу Делхи, а според распоредот на програмата е како 18 гран-при во сезоната на 30 октомври.
Сепак финалната инспекција треба да го каже последниот збор и да го одобри календарот кој е замислен.
КАЛЕНДАР ЗА 2011 ГОДИНА
- 13 март Бахреин
- 27 март Австралија
- 10 април Малезија
- 17 април Кина
- 8 мај Турција
- 22 мај Шпанија
- 29 мај Монако
- 12 јуни Канада
- 26 јуни Европа
- 10 јули Велика Британија
- 24 јули Германија
- 31 јули Унгарија
- 28 август Белгија
- 11 септември Италија
- 25 септември Сингапур
- 9 октомври Јапонија
- 16 октомври Јужна Кореја
- 30 октомври Индија
- 13 ноември Абу Даби
- 27 ноември Бразил

























