Ким Кардашијан минатата недела на Твитер објави фотографии од новата колекција која таа и нејзините сестри Кортни и Клои ја креирале за модниот бренд "Sears". - Ова е нашата Кардашијан линија на фармерки за Sears, и официјално овде имате три стила наречени по моите сестри и мене. Носам фармерки од линијата The Kim кои се секси и рамно кроени, Кортни носи линија од слим фармерки, а The Kloe фармерките се опуштени и предизвикувачки - напиша Ким.
Трите сестри позираа во идентични бели кошули и фармерки од својата линија. Меѓутоа, ријалити ѕвездата, модел и телевизиско лицето на своите фанови им покажа друга слика каде што познатите сестри се со соблечени кошули и само во фармерки.
- Клои, Кортни и јас одлучивме дека треба да бидеме природни пред објективот на Ник Саглибен, така што позиравме само во нашите омилени фармерки. Како ви се допаѓа фотографијата? Мислам дека е убава, а Клои и Кортни се прекрасни!
Ова е втора соработка на познатите сестри и познатата модни куќи, "Sears". Во август минатата година, тие за прв пат ја лансираа својата колекција за модната куќа.