Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Шоу бизнис Селебрити Бред Пит: Од прекумерно пушење трева, ќе се претворев во крофна

Бред Пит: Од прекумерно пушење трева, ќе се претворев во крофна

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
"Се криев од медиумите, пушев трева и не станував од креветот," вели познатиот актер


Бред Пит во новото интервју, призна дека "скоро ќе се претворев во крофна" од прекумерно пушење марихуана.

Ѕвездата на филмот "Формула за успех" (Moneyball), што му донесе номинација за Оскар, вели дека под притисок на популарноста и кариерата, кон крајот на деведесеттите години паднал во тешка депресија, пренесува Дејли Меил.

"На крајот на деценијата, почувствував гадење од себе", вели тој во интервју за "Холивуд репортер".

"Се криев од медиумите. Пушев трева и не станував од креветот. Навистина почнав  себеси да си одам на нерви".

48-годишниот актер откри дека го надминал сето тоа, но дека поминал семестар за "депресија".

Тој изјави дека сака да се венча со својата животна партнерка, Анџелина Џоли.

"Ние веќе одамна си ветивме дека нема да стапиме во брак додека на сите нас во САД, тоа нè ни е овозможено. Но, се плашам дека нема да бидеме во можност да чекаме толку долго.

Тоа многу има значење за моите деца ... Иако и за мене тој вид на посветеност и обврзување многу ми значи ".

На прашањето дали тие планираат да имаат повеќе деца, Пит признава дека "ние не сме ставиле крај на тоа", иако забележувам дека во нашата куќа во моментов владее "навистина добар баланс" помеѓу три девојчиња и три момчиња.

Hits: 477
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...