Веста за разводот на познатата манекенка Хајди Клум (38) и пејачот Сил (49) ја изненади пошироката јавност, бидејќи наизглед имаа совршен брак, меѓутоа тоа не било сосема така како што потврдуваат американските таблоиди кои објавија дека причина за разводот е неверството на пејачот.
Сил наводно ја изневерувал Хајди со дадилката која своевремено работела за нив, а манекенката се одлучила на развод бидејќи несакала повеќе да го трпи неговото неверство .
Како што пренесуваат медиумите Хајди неможела да се помири со тоа, двојката постојано се карала и таа конечно решила да стави крај на сето тоа. Хајди и Сил се венчаа во 2005 година. Имаат три деца синовите Хенри (6) и Јохан (5) и ќерката Лу(3), а Сил ја посвои и најстарата ќерка на манекенката, седумгодишната Лени која Хајди ја има од претходната врска со италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе.
Ни Хајди ни Сил досега не се огласија за натписите за разводот и за наводното неверство.





























