Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Шоу бизнис Селебрити Џорџ Клуни има маларија

Џорџ Клуни има маларија

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
За заразувањето на Клуни со маларија, се разгласи вчера благодарение на написите на Твитер на новиот водител на Си Ен Ен Пирс Морган, кој напиша дека Клуни, кого самиот го интервјуирал, прима лекови за маларија, но и понатаму се чувствува лошо

Џорџ Клуни при посетата на Судан, на почетокот на месецот, се зарази од маларија, официјално потврди неговиот потпарол Стан Росенфилд, напоменувајќи дека славниот актер веќе заздравува.

- Џорџ сосема заздраве од маларијата со која се зарази за време на својата посета на Судан во текот на првите денови во јануари. Ова е втор пат како се заразува со оваа болест. Тоа само покажува дека, со соодветни лекови, една од најсмртоносните болести во Африка може да значи за само десет дена боледување место сигурна смрт, рече потпаролот за 49-годишниот актер.

За заразувањето на Клуни со маларија, се разгласи вчера благодарение на написите на Твитер на новиот водител на Си Ен Ен Пирс Морган, кој напиша дека Клуни, кого самиот го интервјуирал, прима лекови за маларија, но и понатаму се чувствува лошо.

Потпаролот на Клуни објасни дека славниот актер интервјуто за ток шоуто на Морган го дал минатата недела и дека снимката ќе се емитува денеска.

Hits: 290
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...