Глумецот изјавува дека во последно време повеќе се грижи за својот приватен живот

Џорџ Клуни тврди дека со купувањето куќа во Италија си го променил животот. Глумецот кој повеќе од една година е во врска со Италијанката Елизабет Каналис вели дека куќата ја купил бидејќи мислел дека тоа е добра инвестиција.
- Планирав таму да поминувам само по неколку недели годишно. Но тогаш сфатив дека животот во Италија е прекрасен и ми помага да се смирам и опуштам. Таму подобро се подготвувам за работа, рече Клуни.
Глумецот додаде дека во полседно време повеќе се грижи за својот приватен живот.
- Порано толку многу се занимавав со филмски проекти па не успевав да размислувам за тоа како се одвива мојот приватен живот. Немам родители ни деца, ниту сериозна врска. Сега работите за мене тргнаа на подобро, вели Клуни, кој откако се разведе со Талија Балсам во 1993 година си вети дека никогаш повеќе нема да се жени.






























