Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Шоу бизнис Селебрити Каналис проговоре за врската со Клуни: Италијанците се љубоморни

Каналис проговоре за врската со Клуни: Италијанците се љубоморни

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Елизабета Каналис вели дека нејзините сонародници од завист ја пласирале информацијата дека се занимавала со елитна проституција. Им се осветува со тоа што е среќна



Убавата Италијанка за магазинот Венити Фер прв пат проговоре за нејзината врска со холивудскиот актер. Елизабета Каналис (31) вели дека во врската со Џорџ Клуни (49) е среќна како кога имала 18 години, а злите измислици не им ја расипуваат љубовната идила.



Манекенката во интервјуто ги допре и наводите на италијанскиот весник Кориере деле Сера, кој пишуваше дека е зависник од кокаин и скупа проститутка. Вели дека не очекува да ја слават, но и дека очекува од новинарите најпрво да ја проверат информацијата пред да ја објават, особено кога „изворот од доверба“ на кој се повикуваат е трачерски блог.



Додаде дека Италијанците никогаш не им даваат поддршка на сонародниците кои одлучуваат да прават кариера во странство. Смета дека најдобра одмазда за љубоморните луѓе е да биде среќна. Кај Клуни, покрај тоа што е згоден, најмногу ја восхитила неговата хуманост и способноста да им помага на другите луѓе.

Hits: 337
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...