Email This
Hits: 338
Коментари (1)

Што мислите за оваа вест
Saturday, May 19th
Апдејт:02:01:57 PM GMT
Музика
Бритни, Бибер и Лејди Гага најголеми неуспеси во поп-музиката за 2011 година
Светската музичка сцена во 2011 година, ја обележа новиот албум и хуманитарната акција на Лејди Гага и успесите на младиот Џастин Бибер, но истите ѕвезди беа вклучени и во листата на најголеми неуспеси кога станува збор за поп-музика, пренесува МТВ.

Спотот на Лејди Гага за песната "На работ на славата" и групата "Heart2Heart" за нумерата "Фејсбук Службен", откажувањето на концертот на Адела, Ријана, Тејлор Свифт, Кејти Пери и бројните проблеми на Џастин Бибер, се оценети како "неуспеси во поп музиката во 2011 година", наведе МТВ осврнувајќи се на блогот "Idolator".
Бибер во текот на минатата година го нападнаа пред продавницата "Мејси" во Њујорк, во Австралија, фрлаа по него со јајца, за на крајот да мораше да ја толерира шегата на своја сметка, поради обвинувањата дека е таткото на детето од една обожавателка.
Д-р Дре и Никол Шерцингер повторно го одложија издавањето на најавените албуми, а Бритни Спирс авторите на блогот ја обвинија дека пееше на турнејата на плејбек, што беше причина многу луѓе да го напуштат концертот разочарани.
Кристина Агилера за време на настапот во финалето на Лигата на американскиот фудбал, за познатата "Superbowl" ги заборави зборовите на американската национална химна, додека пејачот на групата "Blek Ajd Riz", Will.i.am, текстот за песната го читаше од телефон.
Крис Браун ја растури гардеробата зад сцената во соблекувалната, огледалото го скрши и излезе надвор од зградата, без кошула, откако водителката во шоу програмата "Добро утро Америка" повторно го праша за нападот врз Ријана, а Шерил Кол беше отпуштена од позиција на судии во американската верзија на шоуто "X Factor "и наместо неа беше донесена Никол Шерцингер.
И Бијонсе се најде на листата на најголеми неуспеси во 2011 година во поп музиката, бидејќи ниту еден сингл од нејзиниот албум "4" не успеа да се пласира во првите 10 на американската листа на синглови.


Rihanna - Rude Boy




