Гласините дека Бијонсе во петокот го родила своето прво дете, ќерката која ја нарекла Тина Картер Mej, не е вистина. Како што пишува CNN , пејачката се уште е бремена.
Бијонсе и нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи, во текот на ноќта на Нова Година, биле забележани на вечера во еден ресторан во Бруклин.
"Таа дефинитивно е бремена, во саботата седеа еден до друг и уживаа во интимна атмосфера, се чинеше дека им е многу убаво", изјави сведок, и го пофали изгледот на бремената пејачка:
"Таа беше неверојатна. Носеше високи потпетици, што е многу импресивно за една бремена жена".
Двојката по напуштањето на ресторанот ги поздрави собраните обожаватели, а CNN пишува дека Новата Година ја пречекале во домот на сестрата на Бијонсе.