Учесник во Бразилскиот "Голем брат" Ечаниз Даниел (30) е под истрага за силување, на девојка во истото шоу додека таа спиела.
Како пренесува агенцијата Ројтерс, полицијата го испитала Ечаниз.
На снимката, се гледа дека се под ќебето и нешто се случува, но Моник, кој по пишувањето на бразилските медиуми била во длабок сон поради тешкото пијанство, воопшто не се движeла под ќебето.
"Младата жена го негира силување и не поднесе пријава", изјави портпаролот на полицијата во Рио де Жанеиро.
"Ние продолжуваме со истрагата затоа што тоа е јавно прашање", рече потпаролот.

ТВ мрежата Реде Глобо го исфрлила Ечаниз од шоуто, бидејќи седум минутното видео со сцената од силувањето било објавено на интернет, а потоа била повикана полиција.
"Големиот брат" е ТВ шоу каде што група на луѓе живеат во целосна изолација, но под постојан надзор на камери.







