Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Шоу бизнис Филм и ТВ Мерил Стрип и Џорџ Клуни добитници на Златниот глобус

Мерил Стрип и Џорџ Клуни добитници на Златниот глобус

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Филмовите „Артист“ и „Потомци“ се големите победници на 69-то издание на манифестацијата на доделување на наградите „Златен глобус“. Црно-белиот нем филм „Артист“ освои „Златен глобус“ во категоријата за комедија и мјузикл, а „Потомци“ во кој глуми Џорџ Клуни за престижната награда за најдобра драма.

Жан Дежардан доби „Златен глобус“ за најдобар актер во комедија или мјузикл за улогата во „Артист“, а Џорџ Клуни за најдобар актер во драма за улогата на депресивен татко во „Потомци“.

Мерил Стрип Мерил Стрип Мишел Вилијам е овенчана со „Златен глобус“ за најдобра актерка во комедија или мјузикл за улогата на Мерилин Монро во филмот „Мојата седмица со Мерилин“. Интересно е што самата Мерилин ја доби истата награда пред 52 години.

Мерил Стрип доби „Златен глобус“ за најдобра актерка во драма за улогата во која ја глуми Маргарет Тачер во филмот „Челичната леди“.

Мартин Скорсиз беше прогласен за најдобар режисер за филмот „Хуго“, а Вуди Ален беше одлукуван за најдобро оригинално сценарио.

„Авантурите на Тинтин“ на Стивен Спилберг беше овенчан со „Златен глобус“ за најдобар анимиран филм.

МадонаМадона„Мастерпис“ на Мадона од филмот „W.E.“, чиј режисер е кралицата на попот, беше одлукувана за најоригинална песна.

Со почесен „Златен глобус“ за животно дело, наградата „Сесил Б. де Мил“ беше удостоен актерот Морган Фриман.

Цела плејада холивудски ѕвезди учествуваа на церемонијата. Анџелина Џоли, Бред Пит, Џорџ Клуни, Хелен Мирен и други нивни колеги беа пречекани од илјадници фанови, додека минуваат на црвениот ќилим.

Наградите „Златен глобус“ се доделуваат од Асоцијацијата на странските медиуми во Холивуд и се сметаат за главна ориентација за најпрестижната награда во светот на филмот „Оскарот“. Асоцијацијата обединува околу 90 лица, претставници на 55 земји во светот со 250 милионска публика на читатели. Секоја година членовите на Асоцијацијата интервјуираат околу 400 актери, режисери, сценаристи и продуценти иправат репортажи.

Наградите „Златен глобус“ се доделуваат во 25 категории.

Извор:dw-world.de

Hits: 140
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...