Режисерот Стивен Спилберг пристигна на премиерата на својот нов филм "War Horse" во Лондон, во придружба на главните актери. Тоа не би било голема работа, меѓу актерите да немаше коњ. Појавувањето на коњот Џои, херојот на топлата приказна за љубовта помеѓу животните и луѓето, ги изненади сите на премиерата.
Џои трпеливо позираше со Спилберг и екипата, и неговото појавување на црвениот тепих наиде на позитивни коментари во медиумите.
Спилберг рече дека ова му било прв пат да работи на филм со животни, и дека Џои бил одличен.