Изборот на филмоманите кои препорачуваат што да се гледа во 2012 година, започнува со филмскиот наслов „Џон Картер“.
Филмот е мешавина на акција и научна фантастика, базиран на приказни посветени на ликот на Тарзан или слични такви екранизирани романчиња, лесни за читање и многу фантазија. Граѓанската војна се транспортира на Марс!? Дефинитивно уште отсега може да се потврди дека вредат вложените 250 милиони американски долари за снимањето на овој филм. Дата на излегување 9. март.
Следен на листата е филмот „Одмаздници“. Иако филмот ќе изобилува со многу елементи кои потсетуваат на „Железен човек“, „Капетан Америка“ или „Тор“, се најавува дека овој пат ќе има и нешто повеќе од само пластични мускули на стомакот на главните јунаци. Дата на излегување 27. Април.
Дали по 15 години од првото издание на „Луѓе во црно“, третиот дел ќе ја врати репутацијата на филмовите лесна комедија? Останува да се види откако филмот ќе биде донесен во кино салите. Дата на излегување 25. мај.
На оваа листа е и филмот „Неверојатниот човек-пајак“. Новите сили во филмското продолжение, се во „првите борбени редови“ – Ендрју Гарфилд, како Спајдермен и Ема Стоун, како слатката девојка која ќе се вљуби во недостижен херој. Дата на излегување 4. Јули.
По многуте епски филмови кои беа снимени во последните неколку години, сега е ред на јуначки спев за античкиот јунак Прометеј. А ако се прашувате како тоа ќе го изведе човекот кој ги направи неверојатните „Блејд Ранер“ и „Гладијатор“, режисерот Ридли Скот, одговорот е едноставен. „Прометеј“ ќе биде филм за јунак на новото време. Научна фантастика? Проверено и тоа на тони! Дата на излегување 1. Јуни.
Во оваа листа на филмови следат и долгоочекуваниот „Издигнувањето на Темниот Витез“, кој излегува на 20. Јули, потоа „Храбри“, кој излегува на 17. Август, „Пад од небото: Бонд 23“, кој ќе се појави на 26. Октомври, „Хобит: неочекуваното патување“, на 14. Декември.







