
Сам дома (Home Alone) - 1990
Омилената Божиќна комедија е номинирана за два Оскари, има 10 награди и 4 други номинации. А вкупниот приход на филмот е импресивни 534 милиони долари. Успехот на филмот е повод за појава на втор и трет дел "Сам дома", чии успех не е помал. Сам дома 2, повторно со учество на Маколи Калкин, им носи на авторите приходи од 359 милиони долари, а исто така и 3 награди и една номинација. Сам дома 3 има една номинација и носи приход во износ од 79 милиони долари.

Гринч (How the Grinch Stole Christmas) - 2000
Зеленото Божиќно чудовиште, во чија улога е Џим Кери, се покажува миленик на милиони гледачи. Резултатот се 260 милиони долари, еден Оскар, 16 други награди и 29 номинации. Неверојатно, нели?
Навистина љубов (Love actually) - 2000
Исполнет со многу љубов, смеа, солзи и божиќно расположение, оваа романтична комедија со учество на Хју Грант, Лијам Нисан, Кира Најтли и уште многу други, е номинирана за две награди Златен Глобус, а освои 10 други награди и има 18 номинации , а приходите од филмот се 245 милиони долари.
Елф (Elf) - 2003
Оваа комедија паѓа на второ место на листата за најдобар профитабилен божиќен филм поради 2-те награди, 7-те номинации и приходот од цели 220 милиони долари.

Одмор (The Holiday) - 2006
Омилен божиќен романтичен филм со магија на актерски состав - Кејт Винслет, Камерон Диаз, Џад Лоу, Џек Блек, кој придонесуваат за постигнување на приход од 205 милиони долари. Филмот освои една награда и има 5 номинации.
Поларен екпрес (The Polar Express) - 2004
Ова е еден од најплатените божиќни филмови кој е номиниран за три награди Оскар, освои други четири и има уште 14 номинации. А вкупниот приход од филмот е 177 милиони долари.
Четири Божиќа (Four Christmases) - 2008
Романтичната комедија со учество на Винс Вон имаше голем успех. Успехот на филмот води до 164 милиони долари, една награда и една номинација.
Договор за Дедо Мраз (The Santa Clause) - 1994
Оваа божиќна комедија освои овации на милиони гледачи, што пак носи приход од 190 милиони долари, 2 награди и 7 номинации. А Договор за Дедо Мраз 2, кој речиси не отстапува од првиот дел има приходи - 139 милиони долари. Филмот освои 1 награда и има 3 номинации.
Божиќна песна (A Christmas Carol) - 2009
Повторно Џим Кери одигра главната улога во еден од најплатените божиќни филмови, чиј приход е 138 милиони долари. Филмот има 1 награда и 2 номинации.
Божик невозможен (Jingle All the Way) - 1996
Филмот дефинитивно ветува многу смеа, со оглед на фактот дека во главната улога е Арнолд Шварценегер. Оваа акција комедија освои 1 награда, има 1 номинација и приход од 130 милиони долари.







