Со проекција на мал дел од филмот, Том Круз и официјално ја започна рекламната кампања за четвртото продолжение на „Невозможна мисија“.
Промоцијата се одржа во Јапонија, каде филмот ќе излезе во текот на следната недела.
49-годишниот Круз се враќа на големиот екран како агентот Итон Хант, кој по четврти пат ќе има „невозможна“ задача да го спасува светот.
Во филмот ќе има одлични сцени, од кои една е снимена и на врвот на највисоката зграда во светот - на 828 метарскиот облакодер „Бурж Халифа" во Дубаи. Во четвртото продолжение на филмот, кој од претходните три делови собра повеќе од два милијарди долари приходи, тајниот агент и неговите колеги се обвинети дека извршиле терористички акт против Кремљ. Како резултат на тоа, нивната организација е расформирана, а тие без никакви ресурси и поддршка се принудени да најдат начин да го „исчистат“ своето име. Кругот на Хант освен тоа има задача да спречи нов напад и да избегне нуклеарна војна.







