Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Шоу бизнис Филм и ТВ Клуни е "Монструм од Фиренца"

Клуни е "Монструм од Фиренца"

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Холивускиот шармер во најновиот трилер ќе се покаже во ново, не така позитивно светло, играјќи ја улогата на сериски убиец.

Филмот ќе биде адаптација на книгата "Монструм од Фиренца", од авторите Даглас Престон и Марија Специја, чија приказна се однесува на еден од најпознатите сериски убијци од Италија.

Имено, книгата раскажува за непозната личност која помеѓу 1968 и 1985 година убила 16 луѓе, а во италијанските медиуми е нарачена едноставно "Монструмот", кој никогаш не бил фатен.

Монструмот убивал исклучиво млади парови со нож или пиштол, а женските жртви дополнително ги касапел.

Клуни ќе ја одигра улогата на убиецот и ќе биде потпишан како копродуцент на филмот.

Сценариото ќе го адаптира Кристофер Меквери, кој во 1996 година беше награден со Оскар за сценариото на трилерот "Дежурни виновници".

Hits: 279
Коментари (0)Add Comment

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...