Sunday, Feb 05th

Апдејт:04:05:39 PM GMT

вие сте: Сервиси на Ме Читаш Соновник

Ш

Печати
___А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш






ШАБЛОН
(КАЛАП)

  • Ќе бидете или нерешителни или неспособни да остварите некоја своја намера.

ШАЈКА

  • Ако најдете шајка - ќе ви се исполнат желбите; Ако ковате шајки - ќе донесете вистинска одлука; Долга шајка - долг живот; Многу шајки - подобрување на ситуацијата; Ако вадите шајки од нешто - ќе чуете некоја тајна; Стара, 'рѓосана шајка - домот ви е во опасност.

ШАЛ

  • Несреќа.

ШАМАК

  • Успех на сите полиња.

ШАМПАЊ

  • Непостојана среќа; Ако пиете шампањ - трошите повеќе пари отколку што заработувате.

ШАМПИЊОНИ

  • Внимавајте при изборот на брачен партнер; Ако ги јадете - ќе бидете пофалени.

ШАНК

  • Многу ќе ви ветуваат, а малку ќе исполнат.

ШАПКАР

  • Вложувате напор во нешто што нема да ви донесе никаква корист.

ШАТОР

  • Ќе живеете како уличар.

ШАХ

  • Ако играте шах - добри планови, но со несигурен крај; Ако на сон учите да играте шах - моменталната желба нема да ви се оствари; Ако гледате како други играат шах - не мешајте се во туѓите неволји.

ШАХОВСКА ТАБЛА

  • Задоволство и смирување.

ШАХОВСКИ ФИГУРИ

  • Се уште е далечен патот до потполниот успех.

ШЕБОЈ

  • Пазете се од непотребни трошоци.

ШЕГУВАЊЕ

  • Пријатни моменти; Ако слушате како некој се шегува - жалост; Ако се шегувате на туѓа сметка - со своите постапки ќе си создадете непријатели.

ШЕПА

  • Шепа од кое било животно - ќе ве примораат да направите нешто против своја волја.

ШЕПОТЕЊЕ

  • Ако шепотите со некого - лошо влијаете врз луѓето; Ако шепотите со саканото лице - разочарување.

ШЕСТАР

  • Непријатности од кои тешко ќе се извлечете.

ШЕТАЊЕ

  • Ако шетате сами - среќа и радост; Ако шетате со други - проблеми во работата.

ШЕЌЕР

  • Ако јадете шеќер - многу ви ласкаат; Ако купувате шеќер - добар живот; Ако добиете шеќер - некој ве сака, а вие не знаете.

ШЕЌЕРАНА

  • Ќе добиете покана за свеченост.

ШЕФ

  • Ако го видите или разговарате со него - ќе ја смените професијата или работното место.

ШЕШИР

  • Нов шешир - углед; Стар шешир - губење на угледот; Ако ветар ви го однесе шеширот - во последен моменет ќе ви избега некоја добивка; Ако го чистите - ќе претрпите штета; Шешир на глава - патување; Шешир на туѓа глава - грижи; Цилиндер - незгодни вести.

ШИЕЊЕ

  • Добро вработување; Ако се боцнете со игла при шиење - ќе дознаете за нечија свадба; Ако ви подарат прибор за шиење - од срце ќе се израдувате на нешто; Ако го изгубите приборот за шиење - љубовни јадови; Машина за шиење - брз развој на некои настани.

ШИЛО

  • Пазете се од моќта на својот противник - трудот ќе ви исплати.

ШИМПАНЗО

  • Ве очекува омраза и завист.

ШИПКИ

  • Ако берете зрели шипки - ќе стекнете нечија наклоност; Ако берете незрели шипки - непријатности поради озборување; Ако јадете шипки - ќе ви се восхитува околината.

ШИШАРКА

  • Неочекувана среќа или брак со имоќен партнер.

ШИШЕ

  • Комплетно - радост, среќа и благосостојба. Празно - грижи и непријатности. Скршено - ќе донесете судбоносна одлука. Празно или полуполно шише со малку течност - ве очекуваат промени во семејството..

ШКАФ

  • Се наоѓате пред некоја тајна; Ако на шкафот има клуч - тајната ќе биде откриена; Отворен шкаф - не знаете да ги чувате своите тајни; Многу шкафови - подобра иднина.

ШКОЛКА

  • Празна школка - празна среќа; Полна школка - многу среќа; Ако ја најдете - непријатности од кои ќе се извлечете со тешки маки.

ШЛАКАНИЦА

  • Ако удрите некому шлаканица - лага; Ако примите шлаканица - се дружите со лошо друштво.

ШЛЕМ

  • Ќе најдете моќен заштитник.

ШМИНКА

  • Сте се отуѓиле од луѓето.

ШМРК

  • Непријатно изненадување.

ШОЛЈА

  • Углед и задоволство; Ако на сон купувате шолја - ќе добиете покана за на гости; Ако скршите шолја - одрекување од љубовта или неспретен потфат; Ако добиете шолја како подарок - ќе сретнете верни пријатели; Ако подарите некому шолја - радо сте видени во друштво; Ако пиете од шолја - среќа во љубовта.

ШОФЕР

  • Ќе ви се исполнат некои желби и надежи.

ШПИОН

  • Ќе извршувате некои одговорни должности или вашиот срам ќе излезе на виделина.

ШТАВЕЊЕ КОЖА

  • Ако вие штавите кожа - ќе морате да прифатите некоја непријатна работа; Ако гледате како други штават кожа - ќе избегнете непријатна работа.

ШТАЛА

  • Ако видите штала или се најдете внатре - ќе решите некои проблеми; Ако е празна - лага; Ако внатре има коњ - радост; ако има говеда - благосостојба.

ШТЕДЕЊЕ

  • Успех на сите подрачја.

ШТЕДНА КНИШКА

  • Некому ќе позајмите пари.

ШТЕТА

  • Ако на сон претрпите штета - деловен успех.

ШТИПЕЊЕ

  • Ако штипете некого - непријатности; Ако некој вас ве штипе - непријатности и расправии.

ШТИТ

  • Непријателите чекаат да згрешите.

ШТИЦА

  • Ако сечете штици - смрт на некое блиско лице.

ШТРК

  • Среќен брак; Ако лета - неуспех во некој погфат.

ШТУКА

  • Посета

ШТУРЕЦ

  • Ако на сон чуете штурец - имате пријатели за кои и не знаете.

ШУГА

  • Добивка.

ШУМ

  • Шумолење на вода - непријатности на патување; Шумолење на ветар - не карајте се за ситници.

ШУМА

  • Веселба; Ако одите низ шума - наследство; Гола шума - многу работа; Шума во пламен - несреќа; Зелена шума - среќа; Мрачна шума - несреќа, тага; Исечена шума - неуспех; Борова шума - големо изненадување; Букова шума - голема добивка.

ШУМАР

  • Углед и задоволство, но може да значи и опасност.

ШУМАРСКА КУЌА

  • Ќе наидете на добар прием кај непознати луѓе.

ШУНКА

  • Покана за на гости; Ако јадете шунка - незадоволство, влошување на ситуацијата; Расипана шунка - озборување; Ако готвите шунка - интриги; Ако сечете шунка - ќе обавувате некоја бескорисна работа; Ако купувате шунка - раздор и кавги во домот.

ШУПЛИНА

  • Ако се наоѓате во некаква шуплина и не можете да излезете - ве очекуваат тешки грижи.

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...