| ___А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш |
ЧАВКА
- Ако ја чуете - ќе изгубите углед; Ако ја видите да лета - среќна иднина.
ЧАД
- Не бидете наивни, некој сака да ве посрамоти; Ако чадот се крева право нагоре - тешкотиите брзо ќе ги снема; Ако ветар го дува чадот на лево - тешкотиите се несовладливи; Ако ветар го дува чадот на десно - ќе биде тешко, но сепак ќе се решат проблемите; Куќа полна со чад - имате непријатели; Црн чад - несреќа; Бел чад - чест; ако чадот ве пече на очи - непријатно доживување.
ЧАДОР
- Ќе најдете помош во неволја; Отворен чадор - добро размислете за своите постапки, бидејќи после ништо нема да може да се поправи; Отворен чадор во затоврена просторија - несреќа; Влажен чадор - пропаднатаљубов; Чадор што не може да се отвори - големи незгоди; Свилен чадор - ќе стекнете углед; Искинат чадор - не тргнувајте од околу, ќе настрадате; Чадор за сонце - ќе наидете на разбирање и помош.
ЧАЈ
- Ако пиете чај - ќе бидете во пријатно друштво; Ако пиете лековит чај - болест.
ЧАМЕЦ
- Ќе ви се остварат плановите; Ако се возите во чамец - ќе ви се исполни некоја голема желба; Натоварен чамец - немаштија; Чамец во кој влегува вода - болест; Ако паднете од чамец во вода - парична загуба; Чамец во олуја - добар крај; Чамец што тоне - прекин на љубовна врска.
ЧАРШАФ
- Болест.
ЧАСОВНИК
- Не ја заборавајте важната работа која ве чека; Ако чука - сетете се времето е пари; Златен часовник - ви се заканува опасност да ве ограбат; Ако на сон навивате часовник - наскоро ќе имате љубовна средба; Часовник што застанал - смрт на некој познаник, но кој не е покрај вас; Рачен часовник - користете си го времето подобро.
ЧАСОВНИЧАР
- Ви претстои деликатна задача.
ЧАША
- Венчавање; Скршена чаша - среќен настан; Чаша со вода - добро здравје; Чаша со вино - веселба; Празна чаша - разочарување; Ако полните чаша со која било тешност - ќе изгубите некој пријател; Чаша полна со течност (освен вода и вино) - некој желно ве очекува; Златна чаша - деловен успех; Ако скршите чаша - опасност, смрт.
ЧЕВЕЛ
- Незгоден пат; Облекување чевли - пријатен настан; Тесни чевли - незгоди; Нови чевли - љубовна средба; Искинати чевли - незгоди во блиска иднина; Ако на сон купувате чевли - ќе сретнете нова љубов; Ако некому подарувате чевли - ќе ви се освети вашата невнимателност спрема околината; Ако правите чевли - парична загуба; Црвени чевли - возвратена љубов; Бели чевли - скора свадба.
ЧЕВЛАР
- Досаден гостин.
ЧЕК
- Ако исплатувате чек - деловен успех; Ако потпишувате чек - лекомисленоста ќе ви нанесе штета; Ако не можете да исплатите чек - ќе западнете во долгови.
ЧЕКАЛНИЦА
- Ќе ви се исполнат љубовните желби.
ЧЕКАН
- Во своите потфати употребете повеќе памет; Ако удирате со чекан - ако употребите суровост во своите постапки се ќе се сврти против вас; Ако на сон работите со чекан - најаве сте во право, но ќе мора да се борите ако сакате да победите; Ако гледате како некој работи со чекан - ќе си ги решите сите тешкотии; Голем чекан - добро ќе ја завршите започнатата работа.
ЧЕКАЊЕ
- Ако чекате некого - пријатни вести.
ЧЕЛИК
- Кавга, немир и незадоволство.
ЧЕП
- Ќе исправите некоја грешка.
ЧЕПКАЛКА ЗА ЗАБИ
- Кавги во семејството.
ЧЕРЕП
- Успешен потфат; скршен череп - грижи.
ЧЕСТЕЊЕ
- Ако на сон ве честат - на јаве ве озборуваат зад грб.
ЧЕТВРТОК
- Пријатна иднина.
ЧЕТКА
- Ќе ве озборуваат; Ако четкате одело - ќе предизвикате некои непријатности; Четкање коса - гости; Ако на сон ја изгубите четката - среќа.
ЧЕТКА ЗА ЗАБИ
- Средете си ја ситуацијата.
ЧЕШЕЛ
- Кавги во семејството; Скршен чешел - жестока кавга.
ЧЕШЛАЊЕ
- Среќен потфат; Чешлање коса - пријатна средба; Чешлање замрсена коса - ќе чуете лоши вести; Чешлање брада или мустаќи - свадба; Ако чешлате животно - ќе направите добро дело.
ЧЕШМА
- Среќен брак; Ако пиете од чешма - ќе добиете признание, добивка.
ЧИЗМА
- Ако соблекувате чизми - имате искрена околина; Ако облекувате чизми - среќа во љубовта; Нови чизми - среќа; Стари чизми - беда; Валкани чизми - озборување.
ЧИНИЈА
- Покана за свеченост; Ако скршите чинија - жалост и грижи; Празна чинија - неочекувана кавга.
ЧИНОВНИК
- Некој ќе ви се меша во работата; Разговор со чиновник - ќе добиете некаква покана; Ако се сонувате како чиновник - ќе ги осрамотите свите противници.
ЧИР
- На нозе или раце - успех во работата; Чир на грб - победа над противниците.
ЧИСТЕЊЕ
- Ако на сон чистите нешто - добивка, убав подарок.
ЧИТАЊЕ
- Читање писмо или ракопис - добивка; Ако читате весници - успех во животот; Ако читате книги - потрудете се уште многу да научите за да имате корист во животот; Ако некому нешто му читате - ќе ги израдувате пријателите.
ЧОКОЛАДО
- Ако подарувате некому чоколадо - внимавајте да не потрошите повеќе отколку што имате; Ако добиете чоколадо - имате верни пријатели; Ако јадете чоколадо - ненадејна љубовна средба.
ЧОРАПИ
- Грижи, болест; Ако плетете чорапи - корист од работата; Ако купувате чорапи - грижи; Ако ги облекувате или ги соблекувате - минливи тешкотии.
ЧУВАЊЕ
- Ако на сон нешто чувате - пазете се од крадци.
ЧУДО
- Ако на сон видите некое чудо - на јаве ќе се разочарате.
ЧУДОВИШТЕ
- Сиромаштија.
ЧУКАЊЕ
- Ако чуете чукање - пријатна вест; Ако чукате - вознемирувачки новости; силно чукање - непријатности.
ЧУМА
- Доаѓаат тешки времиња.
Соновник




















