Sunday, Feb 05th

Апдејт:04:05:39 PM GMT

вие сте: Сервиси на Ме Читаш Соновник

Ф

Печати
___А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш






ФАБРИКА

  • Непредвидена заработувачка; Ако поседувате фабрика - грижи

ФАГОТ

  • Некој ќе ви досадува.

ФАЗАН

  • Здравје, добивка или ненадејно венчавање.

ФАКЕЛ

  • Ако гори - среќа; Изгаснат факел - ќе чуете за нечија смрт или несреќа; Ако носите факел - ќе ви биде возвратена љубовта или ве очекува важна работа; Ако на сон видите многу запалени факели - ќе доживеете почести.

ФАКУЛТЕТ

  • Ако сонувате дека студирате некој факултет - ќе се најде те во лошо друштво.

ФАЛЕЊЕ

  • Ако на сон се фалите - на јаве ќе ви се смејат.

ФАЛСИФИКАТ

  • Срамота; Ако нешто фалсификувате - брачно неверство.

ФАНАТИК

  • Сменете ја околината во која се движите

ФЕВРУАРИ

  • Ви претстои пријатен настан.

ФЕНЕР

  • Пазете се од тајни непријатели.

ФИГУРА

  • Ќе добиете подарок.

ФИЛМ

  • Послушајте совет во врска со новиот потфат за кој се подготвувате.

ФИЛОЗОФ

  • Губите време на неважни работи; Ако сте филозоф - ќе бидете изложени на срам.

ФИОКА

  • Ако отворате фиока - ќе најдете добра работа; Ако затворате фиока - излгедите не се поволни.

ФИРМА

  • Ќе склопите лош договор или поволно време за работа.

ФИТИЉ

  • Ќе претрпите штета.

ФИШЕК

  • Бес

ФЛАСТЕР

  • Повреда

ФЛЕЈТА

  • Разочарување

ФЛЕКА

  • Непријатно изненадување; Флека на облека - грижи, вонредни давачки; Ако ја исчистите - ќе се спасите од неволји.

ФЛОТА

  • Флота во акција - веселба; Победена флота - голема несреќа.

ФОСФОР

  • Некој ќе ве излаже.

ФОТЕЛЈА

  • Углед и почести, а може да значи и болест; Ако седите на фотелја - имате нескромни желби; Ако се скрши фотелјата - премногу се надевате; Стара, излижана фотелја - лоша болест.

ФОТОГРАФ

  • Венчавање или ќе бидете поканети на некоја голема свеченост или ќе посетите некое важно место.

ФОТОГРАФИЈА

  • Ќе сретнете некого што долго не сте го виделе.

ФОТОГРАФИРАЊЕ

  • Ве очекува непријатно изненадување.

ФРАК

  • Ќе бидете поканети на забава.

ФРАНЦУЗИН/ФРАНЦУЗИНКА

  • Превртлива љубов.

ФРИЖИДЕР

  • Полн фрижидер - јадете поумерено; Празен фрижидер - не трошете го времето залудно.

ФРИЗЕР

  • Ќе доживеете некои промени

ФУДБАЛ

  • Лекомисленоста може да ве чини многу.

ФУСТАН

  • Прошетка; Ако носите убав фустан - ситуацијата во која се наоѓате ќе се среди; Шарен фустан - ќе направите некоја глупост; Фустан извезен со злато - чест и среќа; Ако купувате фустан - гости или смирување со непријателите; Нов фустан - нова љубов; Валкан фустан - лоши работи; Црн фустан - ќе бидете натажени или смртен случај; Искинат фустан - кавга; Плав или зелен фустан - исполнување на некоја желба; Жолт фустан - дволичност или љубомора; Бел фустан - свадба; Црвен фустан - лошотија; Сив фустан - тешка работа; Ако перете фустан - расипништво; Прекраток фустан - слаба работа.

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...