Sunday, Feb 05th

Апдејт:04:05:39 PM GMT

вие сте: Сервиси на Ме Читаш Соновник

У

Печати
___А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш






УБИВАЊЕ

  • Ако убивате некого на сон - голема опасност, пазете се од себе; Ако вие сте убиени - штета, болест; Ако видите убиен човек - проблеми.

УБИЕЦ

  • Ако видите убиец - долг живот.

УБИСТВО

  • Ако чуете за некое убиство или присуствувате на убиство - несреќа, страв.

УВЕРТИРА

  • Ако слушате увертира - ќе ви се исполнат очекувањата.

УВО

  • Ќе ви измамат некоја тајна; Ако ве боли уво - неповолни новости.

УДАР

  • Ако удирате нешто или некого - ве очекуваат големи напори; Ако ве удрат - срам.

УЖАС

  • Ако доживеете ужас - пожар, кражба или некоја друга незгода дома.

УЖИВАЊЕ

  • Ако уживате на сон - успех на сите подрачја.

УЗДА

  • Ќе ве опоменат поради некоја глупост.

УКОР

  • Ако некого укорите - не можат сите да се однесуваат како што сакате вие; Ако ве укорат - непријатности.

УКРАС

  • Среќен брак.

УКРАСУВАЊЕ

  • Вашите желби веројатно ќе бидат остварени.

УЛИЦА

  • Ако се шетате по улица - ќе склопите ново познанство.

УМИРАЊЕ

  • Ако се сонувате мртви - ќе доживеете длабока старост; Ако гледате како некој умира - заминување на драго лице; Ако умирате - патување, промена на околината; Ако умрете, па оживеете - гржи.

УНИВЕРЗИТЕТ

  • Ќе биде подобро ако се усовршите во работата.

УНИФОРМА

  • Углед и чест; Ако носите униформа - се прикажувате по- добри отколку што сте; Искината униформа - неуспех.

УРИНА

  • Веселба; Ако пиете урина - добро здравје; Ако вршите нужда - загуба; Матна урина - болест.

УРМА

  • Љубов; Ако јадете урми - ќе бидете сакани; Ако подарувате урми - наскоро со некого ќе бидете во љубов; Ако најдете урми - радувајте се на средбата која следи со една стара љубов; Ако берете урми - обесчестување; горки урми - венчавање.

УРНА

  • Смрт на некое блиско лице.

УРНАТИНИ

  • Голема тага, страв од финансиска загуба.

УСНА ХРАМОНИКА

  • Ќе уживате во ситни задоволства.

УСНИ

  • Свежи, румени усни - среќа во љубовта; Бледи, бескрвни усни - разочарување во љубовта; Усни кои мамат бакнеж - ќе ви се исполнат тајните желби.

УСТА

  • Преголема уста - незадоволство; Полна уста - задоволство; Ако ве боли устата - голема непријатност.

УТЕХА

  • Ако се утешите на сон - имате големи пријатели; Ако не можете да се утешите - ќе добиете помош во неволја.

УТРО

  • Се наоѓате на почетокот на некој потфат кој ќе ви успее ако бидете разумни и внимателни; Убаво утро - надежите ќе ви се исполнат; Дождливо утро - кавги и жалост.

УЦЕНА

  • Ако уценувате некого - незадоволство во работата.

УЧЕНИК

  • Веселба со децата; Ако сте возрасни, а се сонувате како ученик - неуспех во работата поради вашата неумешност.

УЧЕЊЕ

  • Неочекувани, добри вести; Ако ве учат да играте - ќе бидете пофалени.

УЧИЛИШТЕ

  • Среќа; Ако одите на училиште - непредвидено задоволство; Училиште полно со деца - грижи.

УЧИЛИШНА КЛУПА

  • Ако седите на училишна клупа - некоја задача не сте ја ивршиле како што треба.

УЧИЛИШНА ТАБЛА

  • Ќе влезете во долгови.

УЧИТЕЛ

  • Лекомисленоста ќе ве упропасти; Ако разговарате со него - ситуацијата ќе ви се среди.

УЧИТЕЛКА

  • Некој ќе ви помогне во неволја.

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...