Sunday, Feb 05th

Апдејт:04:05:39 PM GMT

вие сте: Сервиси на Ме Читаш Соновник

Т

Печати
___А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш






ТАБАКЕРА

  • Ако ја добиете - углед и почитување; Ако ја изгубите - добивка во игри на среќа; Ако ја најдете - радосна вест.

ТАБЕЛА

  • Ви претстојат добри работи.

ТАБЛА

  • Во непријатносите кои ќе ви се случат ќе добиете добар совет; Ако пишувате на табла или бришете од неа - долгови.

ТАБЛЕТА

  • Некој ќе излезе во пресрет на вашите желби.

ТАБЛИЦА

  • Ќе западнете во долгови.

ТАБОР

  • Немирни времиња.

ТАБУРЕТ

  • Благосостојба.

ТАВА

  • Заработувачка; Тава на оган - грижи; Скршена тава - добивка; Тава со маст или месо - пријатна средба со лице коедолго не сте го виделе; Валкана тава - болест.

ТАВАН

  • Непријатности; Стан или соба на таван - немаштија; Ако барате нешто на таван - неочекувани тешкотии.

ТАГА

  • Ако на сон сте тажни - наскоро ќе се радувате.

ТАЈНА

  • Ако дознаете некоја тајна - ќе стекнете добри пријатели; Ако кажете некоја тајна или некој ја каже вашата - ќе доживеете срамота.

ТАКТ

  • Со успех ќе управувате некој потфат.

ТАЛИСМАН

  • Ако имате талисман - среќа.

ТАМБУРА

  • Веселба во друштво на пријатели; Ако свирите на тамбура - завист.

ТАНТЕЛА (ЧИПКА)

  • Венчавка.

ТАНЦ

  • Ако гледате како други танцуваат - загуба, смрт; Ако вие танцувате - разочарување во блиска иднина; Сала за танц - ќе се ослободите од некои грижи; Чевли за танц - кавги.

ТАПАН

  • Кавга; Ако слушате чукање на тапан - незгоди со власта.

ТАПАНАР

  • Опасност од пожар!

ТАПЕТ

  • Некоја тајна ќе биде откриена.

ТАПЕТАР

  • Задоволство и среќа во удобноста на домот.

ТАПИСЕРИЈА

  • Непријатен почеток, но среќен крај.

ТАТКО

  • Ако го видите или разговарате со него - среќа; Смрт на татко - непријатности; Ако на сон станете татко - среќен брак.

ТАТНЕЖ

  • Кавги во домот.

ТВОР

  • Ќе ве прелажат

ТВРДИНА

  • Лошо ќе зборуваат за вас; Ако гори - болест; Ако ја освојувате - загуба, лошо завршена работа.

ТЕАТАР

  • Остварување на некои желби или посета од страна на некои стари пријатели.

ТЕЛЕ

  • Имате работа со глупи луѓе и внимавајте да не ве исмејат; Ако колете теле или други го колат - добивка.

ТЕЛЕГРАМА

  • Ве очекува важна одлука.

ТЕЛЕГРАФ

  • Неочекувани и изненадувачки новости.

ТЕЛЕГРАФСКИ СТОЛБ

  • Ќе добиете вести од далеку.

ТЕЛЕФОН

  • Ненадејни и неочекувани вести.

ТЕЛЕФОНИРАЊЕ

  • Ако телефонирате - ве очекуваат итни работи; Ако гледате како телефонираат - ќе добиете важна задача.

ТЕЛЕФОНСКА ЖИЦА

  • Далечно и интересно патување.

ТЕЛЕШКО МЕСО

  • Ако го јадете - благосостојба, за болни оздравување.

ТЕЛО

  • Ако го сонувате своето тело здебелено - нема да ви недостасува храна; Ако се видите убави и витки - во секое друштво радо ќе ве примат; Ако се разголите - ќе ве посрамат; Ако видите туѓо тело разголено - склони сте кон разврат; Тело обраснато со влакна - среќа и радост; Ако го миете своето тело - смрт на некој познаник; Ако видите израсток на телото - грижи; Ако имате болки во телото - ќе направите некоја глупост.

ТЕМЈАН

  • Жалост или страв пред некој непријатен настан.

ТЕМНИЦА

  • Болест; Ако лутате по темница - непријатности; Ако паднете во темница - ќе настрадате поради својата невнимателност.

ТЕНИС

  • Ќе се запознаете со влијателни личности.

ТЕНК

  • Опасност, несреќа.

ТEНОР

  • Ако го слушнете како пее - неостварливи желби.

TEHЏЕРЕ

  • Благосостојба; Големо тенцере - кавга; Ако скршите тенџере - грижи; Празно тенџере - ќе се разочарате; Полно тенџере - ќе ви биде неподносливо.

ТЕОЛОГ

  • Ако видите теолог или вие се сонувате како теолог - ситничар сте, а освен тоа не можете да поднесете туѓо мислење.

ТЕПАЧКА

  • Ако гледате тепачка - опасност; Ако ве победат во тепачка - голема опасност; Ако победите во тепачката - победа над непријателите.

ТЕПИХ

  • Ќе бидете излажани; Ако чистите тепих - неочекувано ќе ја постигнете целта.

ТЕПСИЈА

  • Празна тепсија - штета, кавга; Полна тепсија - тајна љубовна врска.

ТЕРАСА

  • Ќе ве посетат некои непознати лица.

ТЕРМОМЕТАР

  • Ќе негувате болен.

ТЕРМОФОР

  • Болест.

ТЕСТАМЕНТ

  • Ако пишувате тестамент - ќе доживеете длабока старост; Ако видите тестамент - за здрави добивка, за болни ништо добро.

ТЕСТЕНИ ПРОИЗВОДИ

  • Недоразбирања дома, болест.

ТЕСТО

  • Ако месите тесто - ќе имате непријатности.

ТЕТКА

  • Наследство; Ако на сон разговарате со неа - кавги со домашните.

ТЕХНИЧАР

  • Опкружени сте со неблагодарници.

ТИГАР

  • Имате опасен противник.

ТИКВА

  • Надежите и желбите нема да ви се исполнат; ако јадете тиква - болест.

ТИЊА

  • Болест; ако стоите во тиња - доаѓаат лоши времиња; Ако сте измачкани со тиња - срам.

ТИРКИЗ (БОЈА)

  • Пропаднати надежи.

ТИФУС

  • Премалку мислите на своето здравје.

ТКАЕЊЕ

  • Успех со многу труд.

ТКАЈАЧ

  • Ви претстојат добри приходи.

ТОВАР

  • Ако носите некаков товар - вложете барем малку труд за да не ви избега успехот; Ако кревате товар - успех; Ако го фрлите - ќе се ослободите од некои непријатни должности.

ТОВАРНА КОЛА

  • Мали тешкотии, но на крајот ќе постигнете успех со туѓа помош.

ТОЛКУВАЧ

  • Посета од далеку.

ТОЛЧЕЊЕ

  • Ќе мора уште многу да работите за да дојдете до крајот на она што сте го започнале.

ТОНЕЊЕ

  • Ако тонете во вода - неуспех; ако тонете во кал - ќе доживеете срам.

ТОП

  • Кавги, страв и немаштија; Ако пукате од топ - несреќа; Ако чуете како се пука од топ - пресврт на лошо.

ТОПКА

  • Краткотрајна среќа; Шарена топка - разочарување; Ако си играте со топка - немаштија; Ако ја фрлате топката - кавга; Ако е дупната - ќе ви се распрснат лажните надежи и соништа.

ТОПОЛА

  • Безгрижен живот, верно пријателство; Дрворед тополи - безгрижен живот до длабока старост.

ТОПУК

  • Среќа

ТОРБА

  • Патување во неизвесност; Полна торба - не правете се важни без потреба; Празна торба - мислете малку и на иднината; Нова торба - поволни вести.

ТОРБИЧКА

  • Ќе откриете некоја тајна; Ако ја изгубите - ќе имате непријатности поради долгови.

ТОРПЕДО

  • Ќе направите некој смел потфат.

ТОРТА

  • Ако добиете торта - радост; Ако ја подарите - неизвесност во љубовните односи; Ако јадете торта - покана за свеченост.

ТОЧКА

  • Некоја работа со успех ќе биде завршена.

ТРАГА

  • Ако наидете на трага - некој од вашата околина сака да ви нанесе штета.

ТРАМВАЈ

  • Несреќен случај

ТРАМПА

  • Ако се трампате со некого за нешто - ќе доживеете неуспех поради својата неодлучност.

ТРАФИКА

  • Ќе имате многу ситни издатоци.

ТРГОВЕЦ

  • Успех во работата; Ако сте трговец на сон - несигурна работа.

ТРГОВИЈА

  • Ве очекува некоја активност, потфат од кој нема да имате голема корист.

ТРГОВСКИ ПАТНИК

  • Ќе ве излажат затоа што сте лекомислени

ТРЕВА

  • Ќе патувате во далечни земји; Искосена трева - проблеми со некој пријател; Ако корнете трева - болест; Зелена трева - парична и материјална добивка.

ТРЕВОГА

  • Ако е крената тревога на пример поради пожар - убава иднина.

ТРЕПКИ

  • Здравје; Изгорени трепки - кавги поради наследство; Ако на сон ви паѓаат трепките - болест.

ТРИ (БРОЈ)

  • Среќа

ТРИАГОЛНИК

  • Судири во семејството

ТРИБИНА

  • Ако се наоѓате на трибина - ќе се грижитеза некого, ќе го чувате или слично.

ТРИК

  • Среќа во љубовта.

ТРИУМФАЛНА КОЛА

  • Ако седите на триумфална кола - среќа и слава.

ТРИУМФАЛНА ПОРТА

  • Ќе ги совладате непријателите

ТРКА

  • Ако гледате трка - ќе ги совладате пречките.

ТРКАЛО

  • Мало тркало - мали успеси; Големо тркало - големи успеси, но и жалосен крај; Тркало од кола - радост поради успех; Тркало што се врти - остварување на целта; Скршено тркало - страдање; Тркало што не сака да се врти - болест; Тркало од машина - замрсена ситуација од која можете да се извлечете само со сила и снаодливост.

ТРН

  • Во нога - ќе ве нападнат непријателите; Ако се боцнете со трн - ќе ја смените професијата; Ако паднете во трње - љубовни настани.

ТРСКА

  • Ако видите трска во вода - Ако не сте решителни ќе доживеете неуспех; Ако сечете трска - задоволство и среден живот.

ТРУБА

  • Ако на сон чуете труба - неостварени љубовни желби; Ако свирите на труба - озборување

ТРУДНИЦА

  • Непријатности.

ТРУПКА

  • Ако јадете трупка - задоволство; Ако видите трупка - штета поради озборување; Ако корнете трупка од земја - ќе се срамите без потреба.

ТРЧАЊЕ

  • Ако трчате на сон - добивка, совладување на пречките; Ако стигнете на целта трчајќи - успех, ќе ви се исполнат некои поскромни желби; Ако гледате други како трчаат - несреќа; Ако сакате, а не можете да трчате - ќе мора да совладате многу пречки пред да стигнете на целта; Натпревар во трчање - неизвесна иднина; Ако трчате пред некое животно - непријатности; Ако трчате по кола или друго возило - ќе доживеете низа непријатности пред да ви успее потфатот; Ако паднете трчајќи - неуспех во эапочнатата работа.

ТУБЕРКУЛОЗА

  • Ако на сон имате туберкулоза или некој друг има - бидете внимателни, неволји.

ТУЖБА

  • Ако на сон тужите некого или се жалите на нешто - си создавате непотребни грижи.

ТУНЕЛ

  • Работата што ја работите ќе потрае повеќе отколку што сте очекувале.

ТУПАПИЦА

  • Кавга

ТУРИСТ

  • Непријатности

ТУРКАЊЕ

  • Ако на сон туркате некого - со упорност ќе го остварите своето право

ТУРНИР

  • Кавга.

ТУРПИЈА

  • Успех, но со голем труд; Ако нешто стружете со турпија - уште многу време ќе помине додека да си ја остварите целта.

ТУРЧИН

  • Ќе се вплеткате во непријатна љубовна авантура.

ТУТОР

  • Ќе ви недостига чувство на одговорност; Ако сте некому тутор - не мешајте се во туѓите работи.

ТУТУН

  • Непријатности; Ако виткате тутун за цигара - ќе остарите пред време; Ако расфрлате тутун - ќе се растажите поради заминувањето а некои драги познаници; Тутун во поле - внимавајте да не се заборавате одвреме навреме; ако берете тутун - Успех во работата; Ќесе за тутун - убава иднина.

ТУШИРАЊЕ

  • Ќе добиете признание за својот труд; ако гледате како некој се тушира - поради својата нерешителност ќе доживеете неуспех.

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...