| ___А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш |
САБЈА
- Углед и чест; Ако ја примите како подарок - патување; Ако се борите со сабја - веселба; Ако носите сабја - ќе стекнете висока позиција; Ако сте ранети од сабја - грижи; Остра сабја - успех; Тапа сабја - неуспех.
САБОТА
- Мирна иднина.
САДЕЊЕ
- Ако садите билки - добар брак; ако гледате како други садат - ќе стекнете добри пријатели.
САДНИЦИ
- Ќе имате добро и здраво потомство.
САДОВИ
- Караници во домот; Скршени садови - прекин со некој пријател.
САЕМ
- Ќе се најдете во големо друштво, но нема да ви биде пријатно; за немажени/неженети скора свадба.
САКАТОСТ
- Ако видите сакат човек - пријателите ќе ви помогнат во неволја; Ако се сонувате себеси сакати - тешкотии.
САЛА
- Добри односи со околината; Ако има игранка во салата - интересен живот.
САЛАМА
- Ако јадете салама - здравје и веселба или кавга со некое драго лице; Ако видите салама - незгоди на патување.
САЛАТА
- Чинија со салата - нема да ја дочекате посетата на која и се радувате; Ако садите салата - претераната храброст ќе ви наштети; Ако јадете салата - болест која брзо ќе помине; Ако дробите салата - повреда.
САЛАШ
- Благосостојба.
САМЕЦ
- Ако се чувствувате осамени или се сонувате како самец - жалост, а можеби и препирка со близок човек.
САМОВАР
- Пријатна посета.
САМОВИЛА
- Ако игра - голема среќа во блиска иднина; Ако ве обиколат самовили - лажни надежи.
САМОВОЛИЕ
- Ако се однесувате самоволно - неуспех; Ако е некој друг самоволен - ќе имате помош од пријателите.
САМОУБИСТВО
- Ако извршите самоубиство - непријатности за кои ќе бидете сами виновни; Ако видите самоубиец - тешко ќе се извлечете од многу непријатна ситуација.
САМРАК
- Вардете се од пријателите, некој од нив ќе ве издаде.
САНАТОРИУМ
- Ќе заминете на пат поради опоравување.
САНДАК
- Полн сандак - ќе ви биде доверена некоја тајна; Празен сандак - грижи и кавги; Ако носите сандак - доаѓаат тешки времиња;
САНДАЛИ
- Во вашата околина ве сметаат за чудни.
САНКА
- Ќе се најдете во друштво во кое нема да бидете задоволни; Ако се возите на санка по снежна виулица - непријатно изненадување.
САПУН
- Здравје; Ако купувате сапун - ќе ја средите домашната ситуација.
САРДИНА
- Успех во работата; Ако јадете сардина - караница.
САРМА
- Ако јадете сарма - долго ќе живеете.
САФИР
- Озборување.
СВАДБА
- Ако присуствувате на свадба - за оние во брак задоволство со децата, за другите брак; Ако играте на свадба - чувајте се од спротивниот пол; Ако гледате свадба - пречки во животот; Ако договарате свадба - домашни нервоэи.
СВАДБЕНО ПАТУВАЊЕ
- Краткотрајна среќа.
СВЕТЕЦ
- Жалосна вест или ве очекува кумство.
СВЕТИЛКА
- Запалена светилка - добар знак; Светилка на брод, воз или друго превозно средство - имате верни и искрени пријатели; Ако палите светилка - ќе излезете како победник од некоја сплетка; Ако гасите светилка - не мешајте се во туѓи работи; Ако е запалена и силно свети - среќа и радост во љубовта; Светилка на масло - ќе се вљубите.
СВЕТИЛНИК
- Посоветувајте се со пријателите за да избегнете некоја опасност или ве очекуваат големи непријатности.
СВЕТЛИНА
- Среќа, успех во работата.
СВЕЌА
- Ако гори - покана за свеченост; Ако палите свеќа - ќе најдете добри пријатели; Ако гаснете свеќа - неисполнети надежи; Ако носите запалена свеќа - среќа; Ако се изгасне самата - смрт; Ако купувате свеќа - жалост; Замрзната свеќа - ќе престанете да сакате некого или разочраување во љубовта.
СВЕЧЕНОСТ
- Ако на сон присуствувате на некоја свеченост - ќе стекнете пријателство и доверба.
СВИЛА
- Ако купувате свила - ќе го изневерите саканото лице; Ако сте облечени во свила - ќе си наштетите самите себеси во својата злоба.
СВИЛЕНА БУБА
- Ако чувате свилена буба - успех во трговијата; Ако видите свилена буба - верни пријатели стојат зад вас.
СВИНСКА МАСТ
- Ќе живеете удобен живот, но само ако бидете штедливи.
СВИЊА
- Среќа, корист; Ако храните свиња или ако гледате како ја хранат - успех во работата, веселба; Ако убиете свиња - ќе се ослободите од некои непријатности; Свиња во кал - ќе живеете неуреден живот; Дива свиња - ви се заканува опасност; Многу свињи - сплетки и непријатности; Ако јадете свинско месо - лесен живот; Ако го подготвувате - неизвесна иднина; Ако јадете сирово свинско месо - ќе бидете посрамени; Свиња со прасиња - голема добивка.
СВИЊАР
- Ќе склопите добар брак; ако се сонувате како свињар - голем напредок во службата.
СВИРАЧ
- Некој желба ќе ви биде исполнета.
СВОД
- Некој ќе ви помогне во неволја.
СВРШЕНИК/СВРШЕНИЧКА
- Жалост, дури и смрт или радосен настан.
СВРШУВАЧКА
- Добри новости, брак во блиска иднина.
СЕДЛО
- Ќе наидете на разбирање за својата работа; Ако седите на седло - успех; ако паднете од седло - среќа во игри.
СЕДУМ (БРОЈ)
- Среќа.
CEEЊЕ
- Благосостојба, ќе добиете награда за трудот.
СЕЈАЧ
- Соседите ќе ви помогнат во неволја.
СЕКИРА
- Опасност која тешко ќе ја избегнете; Ако сечете дрва со секира - кавга со саканото лице; Ако мафтате со секира - ќе дојде до пресврт во вашиот живот.
СЕЛАНЕЦ
- Среќа; Ако ора - корист; Ако коси - задоволство; Ако разговарате со него спокојство и среќа; Ако ве излаже - ќе ве исмејат; Ако ден губи - ќе доживеете разочарување; Ако тргувате со селанец - долг живот; Ако се возите на кола со селанец - ви претстои добивка.
СЕЛАНКА
- Среќа; Ако работи - бидете штедливи.
СЕЛИДБА
- Промена на работното место.
СЕЛО
- Ќе уживате на некоја игранка; Село во пламен - ќе заминете на далечен пат; Ако се наоѓате сред село - ви претстои кратко патување; Селска гостилница - скромна среќа.
СЕЛСКА КОЛА
- Голема среќа.
СЕЛСКА ОБЛЕКА (НОСИЈА)
- Ќе добиете пофалба или одликување.
СЕЛСКИ ИМОТ
- Благосостојба и задоволство во семејството.
СЕЛСКИ СВИРАЧ
- Зголемување на семејството.
СЕМЕ
- Ако сеете семе - ќе се занесувате со нови планови; Ако купувате семе - работата ќе ви цвета; Ако видите семе во вреќа - свршувачка; Ако гледате како го јадат птици - загуба; зелено семе - подарок.
СЕМЕЈСТВО
- Ако на сон основате семејство - ќе се впуштите во некој нов потфат; Ако го сонувате своето семејство - ви претстои важен настан; Ако го видите целото семејство на куп - ве очекуваат непотревни компликации; Ако водите пријатен разговор во семеен круг - радосно расположение.
СЕМИНАР
- Ако на сон учествувате на некаков семинар - некој ќе се обиде да ве излаже.
СЕМКА
- Цела семка - добивка; Скршена семка - загуба; Многу семки - на животниот пат ќе ви искрснат некои пречки.
СЕНДВИЧ
- Ќе ве поканат на сиромашна гозба.
СЕНКА
- Својата сенка - големи тешкотии, страв, болест; Туѓа сенка - неизвесност; Ако одите во сенка - ќе се ослободите од некои незгодни пријатели.
СЕНО
- Добри новости - сено во пламен - ќе си го расфрлите имотот; Ако лежите во сено - задоволство; Пласт сено - благосостојба; Ако собирате сено - беда.
СЕПТЕМВРИ
- Безгрижна старост.
СЕСТРА
- Помош во тешка ситуација; Болна сестра - оздравување; Ако сонувате возрасна сестра како мало дете - спор и наследство.
СЕЧЕЊЕ
- Платно - веселба; Хартија - лажни ветувања; Ако не можете нешто да пресечете - грижи поради долгови.
СИДРО
- Непријатно патување; Ако фрлате сидро - ќе ви се остварат некои желби и надежи, но после многу перипетии; Скршено сидро - непријатности.
СИЛУВАЊЕ
- Ако извршите силување - загуба; Ако гледате силување - несреќа.
СИМНУВАЊЕ
- непријатности.
СИН
- Ако сонувате свадба на синот - болест; Ако се карате со синот - неисполнети желби; Ако се тепате со синот - кавга; Ако го сонувате својот син како мртов - веселба во домот; Ако на сон добиете син - среќа; ако го изгубите синот - штета.
СИНЏИР
- Олободете се од минатото и свртете се кон иднината; железен синцир - осаменост / здравје; Златен синџир - свадба во семејството; Ако сте оковани - некој потфат нема да ви успее; Ако се ослободите - само со употреба на сила ќе успеете; Скршен синцир - ќе постигнете успех, но само со сопствени сили.
СИПАНИЦИ
- Без разлика дали се на вас или на некој друг - ќе добиете пари.
СИРАЧЕ
- Ако видите сираче - ќе помогнете на некој од вашата околина; ако сте вие сираче - макотрпен живот.
СИРЕНА (МИТОЛОШКА)
- Голема опасност.
СИРЕНА (УРЕД ЗА СИГНАЛИ)
- Ако чуете сирена - среќно ќе избегнете некоја опасност.
СИРЕЊЕ
- Свежо сирење - здравје; Ако смрди - болест; ако сечете сирење - операција; Ако јадете сирење - добро здравје; Ако купувате сирење - среќа во љубовта.
СИРОМАВ
- Ако видите сиромав човек - караници; Ако сте сиромав - благосостојба; Ако осиромашите - веселба.
СИРУП
- Ако пиете сируп - покрај вас има многу ласкави луѓе.
СИТО
- Ако видите или користите сито - залуден труд кој нема да вроди никаков плод.
СИТОСТ
- Ако сте сити - крајна беда; Ако се другите сити, а вие гладни - среќа во несреќа.
СКАЗНА
- Ако слушате сказна - успех; Ако раскажувате сказна - внимавајте што зборувате.
СКАКУЛЕЦ
- Имате лажни пријатели, грижи.
СКАЛА
- Не пропуштајте ја поволната прилика; Ако паѓате од скала - внимавајте на својата злобност; Ако се качувате на скала - признание; Ако се симнувате од скала - неблагодарност; Скала потпрена на ѕид - љубовна авантура; Скала потпрена на прозорец - чувајте се од крадци.
СКАПОЦЕНИ КАМЕЊА
- Луѓето ви завидуваат; Ако сте накитени со скапоцени камења - бидете поскромни.
СКАРА
- Жарена скара - болест; Студена скара - опасност од повреда; Ако печете месо на скара - пријатно друштво.
СКЕЛЕ
- Внимателно пристапете кон работата; Ако паѓа - потпрете се врз сопствените сили; Ако стоите на скеле - ви се заканува опасност.
СКИЈАЊЕ
- Брз успех.
СКИТНИК
- Непостојана среќа; Ако сте скитник - вашата мрзеливост ќе ви нанесе штета; Ако пружите преноќиште на скитник - ќе ве излажат; Ако избркате скитник - сами ќе си ја уништите среќата.
СКЛАДИШТЕ
- Празно складиште - новости; Полно складиште - големо патување.
СКОКАЊЕ
- Преку јаже - лесна болест и добро оздравување.
СКРЖАВОСТ
- Ако на сон сте скржави - неуспех во работата; Ако е некој друг скржав - ќе чуете непријатни вести.
СКРИВНИЦА
- Посета; Ако барате скривница - ќе ви се случи нешто многу непријатно; Ако живеете во скривница - ќе доживеете срам и штета поради лошо однесување.
СЛАВА
- Ако на сон сте славни - ќе имате работа со власта.
СЛАВЕЈ
- Ако пее - среќа во љубовта; Ако лета високо - успех во работата, добивка; Фатен или убиен славеј - загуба, неволја; Гнездо од славеј - корист; Ако земете јајца од гнездо на славеј - ќе бидете посрамени.
СЛАДОЛЕД
- Ако јадете сладолед - вардете се од лажни пријатели.
СЛАМА
- Беда; Запалена слама - залудно ги трошите парите; Млатење слама - за доброто дело ќе ви бидат неблагодарни; Собирање слама - ќе најдете нешто што сте го сметале за изгубено; Спиење на слама - сиромаштија; Нарамник слама - среќа и благосостојба; Покрив од слама - опасност или некој ќе ви се заканува и вие ќе се исплашите.
СЛАМАРИЦА
- Ќе доживеете малку пријатности.
СЛАНИНА
- Или јадење со сланина - болест; Ако сечете сланина - оздравување.
СЛАТКАР
- Ќе добиете љубовно писмо.
СЛАТКАРНИЦА
- Пријатна средба.
СЛАТКИ
- Љубовни авантури; Ако јадете слатки - среќа; Ако ги печете - roсти или залудно ro трошите времето; Ако сечете слатки - внимавајте да не си ја упропастите среќата; Ако купувате слатки - безгрижен живот; расипани слатки - неуспех.
СЛАТКО (ОД ОВОШЈЕ)
- Расправии со пријателите.
СЛЕП ЧОВЕК
- Ако на сон сте слепи - ќе ви умре некој од семејството; Ако видите слеп човек - ќе изгубите добар пријател; Ако водите слеп човек - авантура на патување.
СЛИВА
- Расцветано дрво слива - веселба и безгрижен живот; Плод слива - пријатно друштво; Суви сливи - досада; Ако јадете сливи - задоволство.
СЛИКА
- Женидба/мажачка; Ако закачувате слика на ѕид - ќе добиете признание; Ако купувате слика - ќе основате свој дом; Ако искинете слика - бес поради неуспех; Ако видите слика во огледало - болест; Слика на познато лице - пријатно изненадување; Своја слика - ќе доживеете неуспех поради својата гордост; Непозната слика - неуспех, озборување.
СЛИКАЊЕ
- Ќе го смените љубовниот партнер.
СЛИКАР
- Среќа во љубовта, но неуспех во работата поради ваше невнимание; Ако сте сликар - пријатно доживување.
СЛОН
- Среќа и успех во сите потфати, како во врска со работа, така и во љубовта; Ако јавате на слон - углед и почитување; Мртов слон - ќе ви пропадне некој план.
СЛОНОВА КОСКА
- Забоболка.
СЛУГА
- Финансиска добивка, удобност; Ако на сон сте слуга - ве очекува тешка работа.
СЛУГИНКА
- Ќе се лутите поради нечие озборување.
СЛУЖБА
- Грижи; Ако добиете служба - потрудете се да си ја остварите целта; Ако ја изгубите службата - ќе доживеете неуспех во некој потфат.
СМЕА
- Ќе доживеете голема тага; Ако сами се смеете - успех во работата и во љубовта; Ако слушате туѓа смеа - непријатности, ќе бидете предмет на исмејување.
СМЕТКА
- Тоа ви е опомена дека живеете во беда; Ако пишувате сметки - добра работа, купувачот нема да ги види вашите замки; Ако расчистувате сметки - ви претстои тешка задача; Ако добиете сметка - непријатно доживување; Ако сметате нешто - бес поради финансиска загуба; Ако нешто не може да се пресмета - очекуваната загуба нема да ви се оствари.
СМОКВА
- Успех во љубовта.
СМОЛА
- Грижа и жалост; Смола што гори - болка и несреќа; Ако се залепите со смола - со маки ќе дојдете до посакуваната цел.
СМОТРА
- Непријатно доживување.
СМРДЕА
- Ако на сон почувствувате смрдеа - во лошо друштво сте.
СМРЕКА
- Неуспех, загуба.
СМРЗНУВАЊЕ
- Неуспех, болест.
СМРТ
- Долг живот и многу деца.
СМРТНА КАЗНА
- Ако на сон ве осудат со смртна казна - голем успех.
СНАА
- Се уште не сте го стекнале заслуженото признание од својата околина.
СНЕГ
- Многу непријаности; Ако паѓа - радост; Снег на лат - жалост; Ако паднете во снег - разочарување во љубовта; Ако одите по снег - неизвесност; Ако чистите снег со лопата - болест; Длабок снег - непријатни спомени; Многу снег - лажна љубов; Ако се валкате по снег - препреки на патот до успехот; Грутка снег - жалост; Ако јадете снег - непотребни напори; Ако се топи снегот - доаѓаат подобри времиња; Снег во лето - бескорисни потфати; Снежна виулица - неволја.
СНЕШКО
- Неверство во љубовта.
СНОП
- Она што се случува со снопот на сон - вам ќе ви се случи на јаве.
СОБА
- Посета; Офарбана соба со светли и топли бои - ќе имате причини да се гордеете; Раскошна наместена соба - успех и углед; Ако палите печка во соба - успешна работа.
СОБАРКА
- Чувајте се од лекоумност; Ако е машко - некој внимава на вашите постапки.
СОБИР
- Ако видите собир, посебно на жени - ќе ве озборуваат.
СОБИРАЊЕ
- Многу труд, малку корист / ќе доживеете длабока старост.
СОБЛЕКУВАЊЕ
- Ќе се каете поради некоја непромислена постапка.
СОБОРУВАЊЕ
- Ако на сон соборите некого - откажете се од неостварливите планови.
СОБРАНИЕ
- Углед и почитување; ако се наоѓате во собрание - штета.
СОВЕТ
- Ако давате совет - ве очекува голема одговорност; Ако примате совет - нема да се снајдете во некои проблематични ситуации.
СОВЕТНИК
- Успешно ќе завршите некоја важна работа.
СОЈА
- Тешка работа, малку корист.
СОК
- Ако пиете сок - задоволство; Ако давате сок на болен - ќе се допаднете некому; Ако цедите сок - успех во определен потфат.
СОКОЛ
- Ако лета - некој ќе ве излаже.
СОЛ
- Ве очекува многу убава иднина; Истурена сол - грижи и тага; ако ја растурате - кавга; Ако ја јадете - непријатности.
СОЛЕНКА
- Ќе се покаете поради некои свои постапки.
СОЛЗИ
- Неочекувана радост.
СОМ
- Немојте да мислите дека ќе ја искористите туѓата глупост, ќе ве надиграат.
СОН
- Ако сонувате дека сонувате - имате лажни надежи.
СОНЦЕ
- Блескаво сонце - среќа во работата, победа; Темно сонце - лош исход во работата; Изгрејсонце - поволни вести; Румено сонце - војна или караница со родителите; Смрачување на сонцето - минлива болест.
СОНЧЕВИ ЗРАЦИ
- Пријатно откритие
СОНЧОГЛЕД
- Љубовта нема да ви биде возвратена
СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА
- Ако доживеете сообраќајна несреќа - ве очекува голема добивка во работата што сте ја започнале; Ако видите сообраќајна несреќа - среќата ќе ве заобиколи.
СОПАТНИК/СОПАТНИЧКА
- Караници во домот.
СОПЕРНИК
- Ако сонувате некој од вашите соперници - ќе ве озборуваат.
СОПНУВАЊЕ
- Ќе направите грешка која ќе ви донесе големи непријатности.
СОПРУГ/СОПРУГА
- Разочарување.
СОС
- Ако јадете сос - неволји, грижи.
СОСЕД
- Некој од вашата околина шири лоши гласови за вас.
СОСЛУШУВАЊЕ
- Ако на сон сослушувате некого - ќе фатите крадец; Ако вас ве сослушуваат - не сакајќи ќе ги откриете своите тајни.
СПАЛНА СОБА
- Наскоро ве очекува љубовна средба; Ако сте во спална соба - неверство; Ако излегувате од спална соба - разочарување во љубовта.
СПАНАЌ
- Здравје, долг и среќен живот.
СПАСУВАЊЕ
- Ќе се разболите.
СПИЕЊЕ
- Под ведро небо - далечно патување; Ако гледате други како спијат - неизвесна ситуација; Ако спиете одејќи - непријатности; Ако спиете во кревет - среќа и благосостојба.
СПИСОК
- Ако видите список - ве очекува замрсена ситуација; Ако составувате список - нема да остварите некои од своите планови.
СПЛАВ
- Некоја работа ќе заврши успешно.
СПЛЕТКА
- Ако сте замешани во некоја сплетка - не ве ценат, поради вашето однесување.
СПОМЕНАР
- Ако пишувате споменар - радост и пријатни сеќавања на минатото.
СПОМЕНИК
- Залудно ги трошите своите сили; Ако видите свој споменик - ќе ви укажат чест.
СПОРТСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ
- Ако гледате - лекомисленоста ќе ви донесе големи неволји; Ако учествувате во спортски натпревар - нема да бидете задоволни од она што го имате.
СПРЕГА
- Коњи - среќа; Магариња - ќе бидете во будалесто друштво.
СРАМЕЊЕ
- Ако на сон се срамите - ќе склопите добра работа.
СРАМОТА
- Ако доживеете некаква срамота - веројатно со нешто сте ја оптовариле совеста.
СРЕБРЕНИ САДОВИ
- Благосостојба; Ако наследите или добиете сребрени садови - заслугите ќе ви бидат признати; Ако носите сребрени садови - ќе прифатите некоја одговорна должност; Ако продавате сребрени садови - ќе се занимавате со работа која ќе ви донесе мнгу корист; Ако поставувате сребрени садови на маса - ќе бидете поканети на некоја свеченост.
СРЕБРО
- Среќа, посебно во љубовта.
СРЕЌА
- Ако на сон сте среќни - загуба.
СРНА
- Некое драго лице ќе ве напушти; Печено месо од срна - ќе имате угледни гости.
СРП
- Ако продавате срп - ќе ги совладате непријателите; Ако држите срп во раката - чувајте се од непријателите; Ако острите срп - добра работа.
СРТ
- Ве очекува далечно патување, но подгответе се и на опасности.
СРЦЕ
- Ќе ве растажи некој кој ви е драr, Срце што крвави - болест, навреда; Рането срце - грижи разделба со љубовниот партнер; Извадено срце од гради - разделба со некое драго лице.
СТАДО
- Ако пасе - среќен живот; Ао чувате стадо - само со штедливост ќе дојдете до благосостојба; Ао се наоѓате меѓу стадо - внимавајте да не избрзате во некоја работа.
СТАКЛО
- Ако видите или ако скршите стакло - парична добивка; Ао видите искршено стакло - грижи.
СТАН
- Внчавање; голем и убав стан - успех; Сромашно уреден стан - неуспех; Ако изнајмувате стан - непријатности; Ако го напуштате станот - паричен трошок; Ако се вселувате во нов стан - веселба.
CTAHAPИНА
- Ако на сон некому плаќате станарина - деловен неуспех.
СТАНИЦА
- Патување или некои промени во животот.
СТАНУВАЊЕ
- Од кревет или од столица - за болни оздравување, за здрави успех.
СТАОРЕЦ
- Лаги, болест; Ако ловите стаорец - ќе ве опљачкаат; Многу стаорци - немаштија; Ако убивате стаорци - победа над противниците и благосостојба.
СТАП
- Далечно, а можеби и досадно патување или надежите нема да ви се исполнат.
СТАПИЦА
- Вардете се од скриените непријатели или некој ќе ве напушти во последен момент; Ако паднете во стапица - ќе ве напуштат пријателите; Ако некому поставувате стапица - кавга или лошо однесување.
СТАРЕЦ
- Ви треба добар совет.
СТАРИЦА
- Стара жена на сон носи несреќа и бес.
СТАРОСТ
- Ако се видите себе си на сон како постар човек - неочекувана чест и углед.
СТЕБЛО
- Наследство; Расцветано стебло - голема среќа во блиска иднина; Исушено стебло - неуспех, поради сопствената лекомисленост; Паднато стебло - штета; Ако тресете стебло - задоволство; Стебло со густа крошна - голема добивка; Стебло без крошна - загуба; Ако седите на стебло - ќе добиете власт и чест; Ако паднете од стебло - непријатности; Ако седите под стебло - добри вести.
СТЕНИЦА
- Ќе доживеете насилство; Ако видите стеница како лази - непријатности; Ако ловите стеница - непријатности; Ако ве касне - добивка или некој ќе се однесува неубаво кон вас.
СТЕПА
- Голема беда; Ако одите по степа - опасност од разбојници.
СТИСКАЊЕ
- Ако на сон стискате некого или нешто - чувајте ги своите тајни.
СТИХОВИ
- Ако составувате стихови - невозвратена љубов; Ако читате стихови - премногу сте задоволни од себе си.
СТОКА
- Несреќа; Многу стока - загуба; Ако пасе - кавга; Ако рика стоката - голема несреќа; Храна за стока - добивка.
СТОЛ
- Скршен стол - кавга; Скапоцен стол - некому му завидувате; Празен стол - зголемување на ллатата; Ако седите на стол - залудни надежи.
СТОЛАР
- Успех во сите подрачја.
СТОЛАРИЈА
- Ќе најдете добра работа.
СТОЛБ
- Благосостојба; Ако се руши - непријатности, болест.
СТОМАК
- Дебел стомак - голема добивка; Слаб стомак - немир, кавга. Празен стомак - загуба и грижи.
СТРАВ
- Некој човек на кој сте му верувале направил нешто лошо. Ако во сон се плашите од нешто - на јаве се лажете сами себе. Ако некој се плаши - болест.
СТРАЖА
- Тегови и непријатности; Ако сретнете стражар - непријатности; Ако сте на стража - ве гризе совеста поради нешто.
СТРАЖАРНИЦА
- Ќе стекнете корисно познанство.
СТРАНЕЦ
- Неочекуван подарок.
СТРАШИЛО
- Ќе чуете некоја непријатна вест или ќе наседнете поради сопствената лекоумност.
СТРВ
- Корист на чесен начин, добивка.
СТРВНИК
- Непријатности и големи судири со околината.
СТРЕЛА
- Вести, новости.
СТРУЖЕЊЕ
- Ако на сон стружете нешто - успех, благодарение на вашата умешност.
СТРШЕН
- Немирен живот; Ако ве касне - одите директно во несреќа.
СТУДЕНО
- Бидете внимателни во своите потфати.
СУД
- Непријатности, караници; Ако ве осудат - загуба.
СУДИЈА
- Непотребни непријатности и кавги.
СУДКИ СПОР
- Вардете се од пријателите, би можеле да се претворат во непријатели.
СУЛФУР
- Среќно ќе се извлечете од некоја опасност.
СУНЃЕР
- Ќе ве искористат; Ако барате сунѓер - наследство.
СУПА
- Пријатно доживување, вљубените ќе се венчаат; Врела супа - опасна, но корисна работа; Ако истурите супа - изгубена заработувачка; Супа во која има вино - болежливост.
СУША
- Добри временски услови или радост во домот.
СФИНГА
- Некоја тајна ќе биде разоткриена.
СЦЕНА
- Ако се наоѓате на сцена - луѓето од вашата околина не ви ја зборуваат вистината.
Соновник




















