Sunday, Feb 05th

Апдејт:04:05:39 PM GMT

вие сте: Сервиси на Ме Читаш Соновник

К

Печати
___А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш






КАБИНЕТ

  • Ако се наоѓате во кабинет, поради болест ќе бидете приковани за кревет

КАБРИОЛЕТ

  • Радост и среќа

КАВГА

  • Кавга меѓу жени - озборување. Кавга меѓу мажи - непријатности. Ако слушате како другите се караат - кавга. Ако сте вплеткани во кавга - неуспех на работа,кавга со пријатели, кавга со брачниот другар, ново пријателство. Кавга со лице од спротивниот пол - ќе се вљубите

КАВИЈАР

  • Ќе се најдете во ситуација која не ви одговара

КАДА

  • Болест, кавга. Ако излегувате од када - ќе совладате некои препреки или некоја болест. Када полна со вода - имате соперник во љубовта. Празна када - вие сте газда. Ако се капите во када - неверство

КАДИФЕ

  • Ако купувате - финансиска добивка. Ако носите кадифе - трошоци

КАЕЊЕ

  • Болест

КАЗАН

  • Лошо друтво

КАЗАНЏИЈА

  • Болест, непријатности

КАЗНА

  • Ако сте казнети - наскоро ве очекува среќа. Ако казнувате некого - ќе направите добро дело

КАЈГАНА

  • Ако правите кајгана - задоволство. Ако јадете кајгана - околината ќе се сомнева во вас.

КАЈМАК

  • Успешна работа

КАЈСИЈА

  • Среќа благосостојба, среќен брак

КАКАДУ

  • Околу вас има злобни луѓе

КАКТУС

  • Штета

КАЛ

  • Штета. Ако паднете во кал - непријатности. Ако имате кал на рацете - Предност во нешто. Ако имате кал во џебовите - богатство.

КАЛАУЗ

  • Бидете внимателни со своите потфати

КАЛДРМА

  • Некој ќе ве пофали

КАЛЕНДАР

  • Неповолни вести

КАЛУЃЕР

  • Ќе уживате во нечија моќна заштита. Во темна мантија - несреча. Ако разговарате со калуѓер - ќе ви завидуваат. Повеќе калуѓери - ќе направите нешто што не чини.

КАЛУЃЕРКА

  • Несреќна љубов

КАМБАНА

  • Неволја. Ако се качувате по камбаната - остварување на некои желби. Ако се симнувате од камбаната - неуспех

КАМЕЛИЈА

  • Ќе бидете повикани на некоја забава

КАМЕН

  • Предавство. Ако обработувате камен - благосостојба. Ако кршите камен - болест. Ограда од камен - чувајте го здравјето. Ако фрлате камења - незадоволство. Одрон на камења - големи промени во вашиот живот

КАМЕН ЈАГЛЕН

  • Не дозволувајте да ви ја расипат работата

КАМЕНОЛОМ

  • Ќе добиете земјишен сосед

КАМЕНОРЕЗЕЦ

  • Несреќа во блиска иднина

КАМЕРА

  • Премногу сте самосвесни и тоа ви носи штета

КАМИЛА

  • Суша, непријатности, болест. Натоварена - добра заработувачка. Слаба камила - немаштија. Дива камила - ќе ви дојде млада жена во семејството. Едногрба - животот ви тече без радости. Двогрба - тешки моменти. Ако јавате камила - промена на подобро.

КАМИЛИЦА

  • Ако видите или купите камилица - болест. Ако берете - здравје. Ако пиете чај од камилица - оздравување.

КАМИН

  • Семејна среќа/чувајте се од оган. Ако ложите камин - семејни грижи. Ако е изгасен - заминување на некое драго лице од дома

КАМИОН

  • Нешто ќе заврши добро

КАМПИНГ

  • Пријатни моменти

КАНАЛ

  • Некој ваш пријател ќе направи успешен потфат. Ако затрупувате канал - потпрете се врз сопствените сили. Ако копате канал - бидете поскромни. Ако пловите по канал - лесноумност

КАНАРИНКА

  • Добри односи со пријателите. Ако лета - новости. Ако пее - внимавајте да не паднете во стапица. Во кафез - опасност.

КАНДИЛО

  • Ако со кандилото чадите во собата - болест. Ако чадите облека - ве очекува уживање

КАНТА

  • Ќе чуете поволни вести.

КАНТИНА

  • Ќе се ослободите од големи грижи

КАПЕЊЕ

  • Венчавка. Капење во бистра вода - благосостојба. Капење во студена вода - здравје. Капење во топла вода - болест. Капење во нечиста вода - тешкотии. Капење облечени - добивка. Костум з акапење - настинка. Ако облекувате костим за капење - лрај на една љубов. Ако сами се капите - вашата моќ ќе доде до израз. Ако се капите во друштво - опасност од пожар. Ако гледате некој како се капи - ќе се смирите со некој ваш противник

КАПЕТАН

  • Голема одговорност

КАПИЈА

  • Отворена - следува незгода. Затворена - некоја ваша молба ќе биде одбиена. Ако ја отварате со сила - со помош на сила ќе дојдете до успех

КАПИНА

  • Ако берете - некој ве сака. Ако јадете - ќе имате непријатен партнер. Ако купувате - ве очекуваат ситни непријатности.

КАПКА

  • Не правете непотребни трошоци

КАРАВАН

  • Ќе совладате некои препреки

КАРАНФИЛ

  • Нови пријатели. Ако берете - радосен настан

КАРДИНАЛ

  • Брак

КАРНЕВАЛ

  • Тага

КАРПА

  • Карпа во море - страв. Ако се качувате по карпа - напор. Ако стоите на карпа - мачна работа, но добра заработувачка. Ако трчате на карпата - опсаност

КАРТИ

  • Се впуштате во ризик. Ако играте карти - ви предстои авантура. Ако губите на карти - внимавајте. Ако ги кинете картите - ќе расчистите со минатото. Ако победувате на карти - не бидете лекоумни. Ако гледате како другите играат - заработувачка/љубовни интриги.

КАРТОН

  • Предавство

КАСА

  • Полна со пари - богатство. Празна каса - долгови. Ако симате пари од касата - разочарување

КАСАРНА

  • Бидете трпеливи ако сакате да успеете

КАСНУВАЊЕ

  • Ако ве касне куќе - штета. Ако ве касне коњ - ќе ве напуштат пријателите

КАТАНЕЦ

  • Кражба

КАТЕДРАЛА

  • Имате недостижни цели. Ако се наоѓате во катедрала - ве очекува убава иднина.

КАТРАН

  • Ќе доживеете понижување

КАФЕ

  • Мечтаење за љубовни настани и тоа ќе ви се оствари. Ако пиете кафе - внимавајте што зборувате пред другите. Ако пржите кафе - гости. Ако варите кафе - хармонија во семејството. Ако мелите кафе - кавга. Ако гатате на кафе - лекоумност

КАФЕАНА

  • Ако седите во кафеана - залудно го трошите времето. Ако сте во кафеана без пари - непријатно изненадување.

КАФЕЗ

  • Лажни обвинувања. Птици во кафез - озборувањет би можело да доведе во опасност една наизглед цврста и трајна врска. Птици кои излегуваат од кафез - загуба. Кафез со диви животни - непријателите нема да успејат во намерата. Диви животни кои бегаат од кафез - опасност.

КАЦА

  • Полна каца - богатство. Празна - беда сиромаштија. Каца полна со грозје - некој сака да ве излаже. Каца полна со валкана вода - болест.

КАЧАМАК

  • Благосостојба. Ако јадете - здравје

КАЧУВАЊЕ

  • Качување на дрво - успех. Качување на маса - бескорисна работа. Качување некому на грб - потребна ви е помош.

КАША

  • Болест

КАШЛАЊЕ

  • Грижи поради несигурна иднина.

КВАДРАТ

  • Ќе имате низа непријатности

КВАКА

  • Ново пријателство

КВАРТЕТ

  • Пријатно друштво

КВАРЦ

  • Дружење со чудни луѓе

КВАСЕЦ

  • Успешен завршеток на некој потфат

КВАЧКА

  • Голема среќа

КВИНТЕТ

  • Ќе побарате доверба од пријателите

КЕЈ

  • Сите опасности се минато

КЕЛНЕР

  • Непотребни трошоци. Ако се сонувате дека сте келнер - ќе ја загубите самостојноста

КЕЛНЕРКА

  • Ве очекува ведра иднина

КЕСА

  • Сиромаштија. Празна кеса - работа. Искината кеса - големи трошоци. Нова кеса - можност за добивка

КИВАЊЕ

  • Здравје

КИНО

  • Ќе дознаете некоја тајна

КИТ

  • Корист. Ако убиете кит - промашување

КИП

  • Непријатности. Срушен кип - Некој потфат нема да ви се оствари

КЛАВИР

  • Ако слушате како свири - некој ќе ви попречи во работата. Ако вие свирите - непријатни вести.

КЛАНИЦА

  • Пред вас се наоѓа опасна работа

КЛАРИНЕТ

  • Ќе бидете во здодевно друштво

КЛАС

  • Исполнување на желбите. Еден клас - неочекувана средба. Врзани класја - среќа во семејството. Класје кое се бранува - отворени планови. Ако газите класје - нема да ви се остварат плановите.

КЛЕЧЕЊЕ

  • Или сте или ќе бидете домазет послушко на жената

КЛЕШТА

  • Пријателска подршка во некоја замрсена ситуација. Пукнати клешти - ќе ја загубите работата. Ако штипете со клешти - ќе доживеете неправда.

КЛИСУРА

  • Со вашата непромисленост ќе нанесете штета на некој ваш пријател.

КЛОВН

  • Ќе учествувате на некоја веселба

КЛОПЧЕ

  • Ќе прифатите работа која не ја разбирате. Ако одмотувате клопче - ќе ги отстраните пречките кои ви стојат на патот.

КЛУКАЈДРВЕЦ

  • Ако видите или го чиете како чука во дрво - ќе слушнете радосна вест.

КЛУН

  • Само храбро во потфатите

КЛУПА

  • Корист. Клупа од гранки - многу маки без потреба. Клупа од даски - Добивка. Камена клупа - голема заработувачка. Ако седите на клупа - не ја забележувате среќата која ви се нуди.

КЛУЧ

  • Среќа во љубовта. Ако најдете клуч или ако го кренете од земја - ќе се извлечете од некои непријатности. Ако изгубите клуч - ќе се помати некое пријателство или љубов. Ако држите клуч во рака - тајна. Голем клуч - Ќе претрпите некое насилство. Многу клучеви - Добивка.

КНИГА

  • Корист. Затворена книга - опасност. Отворена книга - загуба. Книга за деца - веселба. Книга со оштетени страници - ќе изгубите или ќе заборавите нешто важно. Ако на сон пишувате книга - добивка. Ако читате - чест и мудрост. Ако гледате како гори - загуба на некое пријателство. Ако купувате - ќе чуете некои новости.

КОБИЛА

  • Добивка во игрите на среќа.

КОВАЧ

  • Успех

КОВАЧНИЦА

  • Само со работа че дојдете до благосостојба. Ако сами ковате во ковачница - ќе добиете добра работа.

КОВЧЕГ

  • Ненадејно патување. Ако носите ковчег - ќе работите за други. Ако изгубите ковчег - непријатности. Отворен ковчег - ќе ви ги откријат тајните. Полн ковчег - грижи. Празен ковчег - задоволство.

КОВЧЕГ (МРТОВЕЧКИ)

  • Ако видите - голема жалост. Ако лежите во него - ќе треба да платите долгови. Ако купувате - ненадејна среќа. Ако носите - ви се зацртува некој нов животен пат.

КОЖА

  • Ако сечете кожа - ќе бидете излажани при некоја делба. Бела кожа - веселба. Црна кожа - предавство. Ако штавите кожа - сиромаштија. Сирова кожа - деловни проблеми. Ако купувате - парична загуба. Ако продавате - деловен успех.

КОЗА

  • Бела коза - корисен потфат. Црна коза - несреќа

КОКОШАРНИК

  • Озборување. Ако гледате како јаде кокошка - пропаст. Ако храните кокошки - хармоничен брак. Ако на сон имате ваши кокошки - имате лоши деца. Кокошка со пилиња - веселба. Многу кокошки - љубов. Ако ве нападне кокошка - ќе бидете непотребно обвинети. Ако слушате кокодакање - предавтсво/лош глас. Слаба кокошка - срамота. Дебела кокошка - среча. Кокошка со јајца - љубов и освојување. Ако ја брка петел - не им верувајте на некои пријатели.

КОЛ

  • Ќе ви се исполни некоја желба. Шилест кол - подгответе се за работа.Ако забивате кол - успех

КОЛА

  • Пат/лесна работа или заработувачка. Црна кола - пат кој ќе заврши лошо. Бела кола - пат кој ќе биде од корист. Раскошна кола - важни настани

КОЛБАС

  • Ако видете или јадете - ќе постигнете некоја цел.

КОЛЕНО

  • Здраво колено - успешна работа. Повредено колено - проблеми. Одење на коленици - ќе се каете поради сопствена неодговорност.

КОЛЕЊЕ (Животни)

  • Добивка

КОЛИБА

  • Бидете внимателни према околината. Мала колиба - среќа. Многу колиби - сиромаштија

КОМАРЕЦ

  • Незгода. Ако ве касне - подмолен напад. Ако слушате зуење - опасност. Ако убиете комарец - ќе избегнете некоја опасност.

КОМЕТА

  • Тешка година со многу непријатности/голема радост

КОМПАС

  • Патување

КОМПИРИ

  • Сиромаштија. Прекопување компири - благосостојба. Ако вадите компири од земја - среќа. Лупење компири - грижа. Ако јадете компири - белја. Ако садите компири - благосостојба.

КОМПЛИМЕНТИ

  • Ако давате комплименти - минливи тешкотии. Ако примате комплименти - краткотрајно задоволство

КОНДУКТЕР

  • Ве очекуваат пријатни денови

КОНЕЦ

  • Избегнувајте ги бесмислените работи. Ако плетете конец - напор. Скинат конец - смртен случај. Ако мотате конец на клопче - задоволство. Ако одмотувате - чувајте ги тајните. Црн конец - неволја. Конец во боја - не мешајте се во туѓи работи. Замрсен конец - опасност.

КОНОП

  • Добивка

КОНЦЕРТ

  • Наскоро ќе доживеете голема радост.

КОЊ
Бел коњ - среќа/грижи. Коњ што трча - ќе успешна недела. Ако се качувате на коњ - ќе добиете висока чест. Шарен коњ - неслога во љубовта. Црн коњ - пропаст. Црвен коњ - војна. Сив коњ - ќе живеете лошо. Ако трча - неуспех. Исплашен коњ - неволја. Мртов коњ - тешкотии. Убиен коњ - добовка во игри на среќа. Коњ што пасе - ве очекува слобода и независност. Оседлан коњ - ќе избегнете некоја опасност. Ако седлате коњ - ќе направите непромислени постапки. Ако јавате коњ - потрудете се да ги остварите желбите. Ако паднете од коњ - неуспех на работа. Дрвено коњче - ќе се израдувате од успехот на своите деца. Ако купувате коњ - парична загуба. Ако ве касне коњ - пазете се од лоши луѓе.

КОЊАНИК

  • Неумереноста може да ви нанесе штета.

КОЊСКА ОПРЕМА

  • Здравје

КОЊСКИ ВЛАКНА

  • Ако кубете коњски влакна - опасност

КОЊСКИ ИЗМЕТ

  • Здравје

КОЊСКО КОПИТО

  • Патување

КОЊСКО МЕСО

  • Ве очекува неуспех во работата

КОЊСКА ШТАЛА

  • Добивка на лото

КОЊУШАР

  • Опасност

КОПАЊЕ

  • Ќе биде награден вашиот труд.Ако гледате како други копаат - загуба поради немарност

КОПИРАЊЕ

  • Ќе бидете казнети поради некоја лошо завршена работа

КОПЈЕ

  • Кавга. Ако фрлате копје - клевета. Ако раните некој со копје - ќе навредите некого. Ако ве погодат со копје - некој ќе ве навреди. Скршено копје - ќе се смирите со некој противник.

КОПРИВА

  • Помислете добро пред да кажете нешто. Ако берете - ќе бидете оштетени поради сопствена непретпазливост. Ако ве журне - несреќа, понижување.

КОПЧЕ

  • Внимавајте со кого се дружите. Ако изгубите - внимавајте да не го разжалостите саканото лице. Ако скинете копче - ќе бидете многу лути. Ако шиете - наскоро ќе ви се подобри ситуацијата.

КОРАЛИ

  • Жалост

КОРЕН

  • Ќе купите добра стока. Ако копате корења - ве очекува тешка работа, но и богатство. Ако јадете корења - финансиска загуба.

КОРИТО

  • Полно корито - добивка. Празно корито - финансиска загуба

КОРМИЛАР

  • Ќе добиете одговорна работа. АКо вие сте кормилар - чувајте се од зомнителни работи.

КОРМИЛО

  • Ќе плаќате алиментација

КОС

  • Ако видете или чуете како пее - углед, напредување во работата

КОСА

  • Фарбање - повторување. Обоена коса - ги лажете пријателите. Плетење на косата - кавги. Сплетена коса - ќе се срамите поради нешто. Извиткана коса - неволја. Седа коса - грижи. Долга коса - имате строги претпоставени. Кратка коса - парична загуба. Кафеава коса - благосостојба. Црвена коса - непријател. Црна коса - среќа. Светла коса - веселба. Чешлање на коса - веселба а може да значи и болест. Ако чешлате туѓа коса - ќе бидете прифатени од најблиските. Сечење на косата - ќе скратите некоја брига. Ако сечете туѓа коса - напредување. Убава коса - задоволство. Ако гледате како гори коса - ќе имате маки.Коса на мртовец - среќа. Женска коса - лаги. Локни - верна љубов. Седи локни - болест. Коса што паѓа - загуба на пријател или на пари. Убаво исчешлана коса - наскоро ќе бидете во друштво со драги луѓе. Неуредна коса - жалост и грижи.

КОСЕЊЕ

  • Благосостојба. Ако гледате како косат - брза и лесна заработувачка. Ако вие косите - заработувачка

КОСКА

  • Внимавајте некој сака да ве искористи. Ако гледате коски - секојдневни грижи. Ако собирате - подобар живот. Ако палите - жалост. Ако ве болат коските - некој потфат ќе ви пропадне. Ако некој друг пати од костобол - внимавајте на своето здравје. Ќовечки коски - грижи, болест, смрт. Животински коски - непријатности.

КОСТЕН

  • Радост. Ако јадете - среќа и задоволство. Ако барате костени - големо искушение.

КОСТУР

  • Долг живот

КОТЕЛ

  • Помош

КОЦКА

  • Ако се коцкате и губите - добро е Ако се коцкате и добивате - грижи

КОЧИЈА

  • Добивка

КОШАРА

  • Лажни надежи. Празна кошара - невозвратена љубов. Кошара со цвеќе - среќа во љубовта. Ако плетете кошара - жалост. Ако ставате кошара на глава - грижи. Кошара со пчели - богатство.

КОШНИЦА

  • Голема добивка. Празна кошница - загуба

КОШУЛА

  • Срам. Искината кошола - кавга. Ако облекувате или соблекувате кошула - среќно ќе се извлечете од некоја незгода. Чиста кошула - остварување на надежите. Валкана кошула - болест или срам. Ако шиете кошула - среќа во љубовта. Ако перете кошула - хармонија во семејството.

КРАВАТА

  • Долгови

КРАДЕЦ

  • Љубовна авантура. Ако фатите крадец - опасност. Ако ве нападне - кавга. Ако ви краде нешто - ќе запросите некого

КРАЖБА

  • Ако откриете кражба - ќе ви се врати нешто што сте го сметале загубено. Ако учествувате во кражба - ви се нижат неуспеси. Ако сами извршувате кражба - кавга со саканото лице. Ако ви украдат нешто - ќе изгубите некој драг пријател.

КРАЛ

  • Далечно патување. Ако себе се сонувате како крал - промена на работата. Ако ве прими кралот - неочекувана добивка

КРАП

  • Подобрување на финанската ситуација

КРАСТА

  • На глава - имате добри изгледи да стекнете богатство. Ако на сон видете деца со краста - здравје

КРАСТАВИЦА

  • Непријатности. Нездрела краставица - несреќа. Расипана краставица - предавство. Ако јадете - ќе бидете посрамотени. Жолта краставица - непријатности. Кисела краставица - болест. Ако берете - радост.

КРВ

  • Своја крв - ќе ви ги платат долговите. Туѓа - заработувачка. Црвена - радост. Разлиена - непријатности. Ако плукате - лутина. Ако имате крвави раце - не се мешајте во туѓи работи. Ако ви тече крв од носот - радосен настан. Ако пиете крв - добивка

КРЕВЕТ

  • Ви прети болест. Празен или скршен - смрт. Убав и чист - среќен брак. Ако лежите во кревет - опасност. Ако станувате од кревет - оздравување. Валакн - болест. Неуреден кревет - непријатност. “Полн“ кревет - љубовна авантура.

КРЕДА

  • Ќе се задолжите

КРЕКАЊЕ

  • На жаби - добри вести

КРЕМ

  • За јадење - внимавајте од крадци. Козметички крем - околу вас има лицемери

КРЗНАР

  • Поради болест може да ве испратат во болница

КРЗНО

  • Болест. Облека од крзно - лоши вести. Ако сте облечени во крзно - опасна болест. Ако шиете крзно - сменете ја околината. Ако купувате крзно - непотребни трошоци. Ако подарувате крзно - неуспех во работата. Ако добиете крзно - ве очекува необичен настан. Скапоцено крзно - лоши вести.

КРИВОВЕРСТВО

  • Ќе се најдете во голема опасност

КРИЕЊЕ

  • Ако криете нешто - немате чиста совест. Ако вие се криете - ви се заканува некоја опасност.

КРИЛА

  • Ако се сонувате со крилја - ќе заминете на неочекувано патување

КРИН

  • Невиност. Жолт крин - изгубена доверба. Скинат крин - непријатности во љубовта. Ако се китите со кринови - лажна гордост.

КРИСТАЛ

  • Обрнете повеќе внимание на реалноста, а помалку на своите желби

КРОЕЊЕ

  • Загуба на работа.

КРОЈАЧ

  • Водете повеќе сметка за својот изглед. Ако се сонувате како кројач - неуспех во работата

КРОКОДИЛ

  • Имате непријатели околу вас. Зелен крокодил - смрт на некое лице нема многу да ве погоди. Жолт - добра година. Црвен - ќе успеете во некоја зделка. Ако убиете крокодил - ќе избегнете некоја опасност. Ако ве гони крокодил - долг живот. Ако јадете месо од крокодил - некому ќе му се осветите.

КРОМИД

  • Неволји. Ако купувате кромид - деловни проблеми. Ако јадете кромид - не се однесувате како што треба.

КРОТЕЊЕ

  • Ако скротувате животно - ќе ги совладате противниците

КРПА

  • Загуба, немаштија

КРПЕЊЕ

  • Добар живот.

КРСТ

  • Еден крст- смрт, но не во блиска иднина. Два крста - ќе избегнете некоја неволја. Три крста - почест. Многу крстови - благосостојба.

КРТ

  • Одрекување. Ако убиете крт - расипништво. Многу кртови - имате алчни роднини. Дупка од крт - успех.

КРУГ

  • Талкање. Тешко ќе го надминете излезот од замрсената ситуација.

КРУНА

  • Ќе паднете во искушение. Ако носите круна на главата - добивка. Сребрена или златна круна - ќе добиете подарок. Круна од лисја или од цвеќе - радост.

КРУША

  • Дрво - добивка, плод, уживање во љубовта. Многу круши - непријатности. Ако јадете - голема заработувачка. Ако тресете круши - успех. Црвливи круши - чувајте се од подмолни луѓе.

КРЧМА

  • Кавги со соседите. Ако седите во крчма - ве очекува патување. Ако сте во крчма без пари - непријатно изненадување.

КУГЛАЊЕ

  • Премногу сте смели. Ако поставувате кугли - ќе се обидете од ново да си ја испробате среќата. Ако при куглање погодите - сами си ја уништувате среќата.

КУЈНА

  • Подарок. Ако работите во кујна - ќе завршите некоја работа од која ќе имате добивка. Ако гледате друг да работи во кујна - ќе завршите некоја работа од која нема да имате корист.

КУЌА

  • Тешкотии

КУКАВИЦА (ПТИЦА)

  • Среќа и здравје

КУКЛА

  • Краткотрајно задоволство. Ако си играте со кукли - ќе ја загубите работата. Ако скршите кукла - ќе покажете некоја невнимателност. Кукла што зборува - внимавајте да не наседнете на измамници.

КУЛА

  • Успех, подобрување на ситуацијата. или исполнување на желбите. Висока кула - ќе бидете понижени и осрамотени. Ако стоите на врвот на кулата - успех.

КУМ

  • Ако некому кумувате - нови должности. Ако видите кум - подарок

КУНА

  • Пазете се од крадци. Ако убиете куна - ќе склучите добар договор. Ако тепате куна со стап - ќе решите некој проблем

КУПУВАЊЕ

  • Ако купувате по високи цени - богатство. Ако се ценкате - мудрост Ако купувате непотребни работи - расипништво

КУРШУМ

  • Добри вести

КУТИЈА

  • Не ја давајте вашата љубов на оние кои не ја заслужиле. Ако носите кутија - ќе ја прокоцкате среќата.

КУЌА

  • Своја куќа - грижи. Изгорена куќа - веселба. Стара куќа - неволји. Срушена куќа - Болест. Ако сами рушите куќа - напредок. Куќа во пламен - кавги. Ако купувате куќа - благосостојба. Ако продавате куќа - загуба. Ако градите куќа - радост, добивка. Туѓа куќа - некој ќе ве излаже. Чувар на куќа -добивка. Ако на сон видите отворена влезна врата од куќа - убаво ќе ве примат. Ако е затворена - ќе имате работа со луѓе. Ако го пречекорите куќниот праг - наскоро ќе основате свој дом.

КУЧЕ

  • Добри пријатели, среќа во бракот. Куче кое лае - поволни вести. Ако на сон играте со куче- ќе се смирите со некого. Ако ловите куче - пријатно познанство. Куќичка за куче - ограничете ги своите барања. Колан за куче - ќе ве поканат на некоја свеченост. Ако на сон коланот за кичето е на вас - некој ве влече за нос.

КУЧКА

  • Ќе склопите верни пријателства. Кучка  со многу кучиња - ќе стекнете многу нови познанства.

 

ПАВИЛЈОН
Нема да бидете задоволни од исполнувањето на некои ваши желби. Ако се наоѓате во павилјон - тајна љубов
ПАВЛАКА
Подарок. Ако ја јадете - здравје
ПАДОБРАНЕЦ
Болест
ПАЃАЊЕ
Болест на крвотокот, проблеми со притисокот.
ПАЈАК
Кавга со пријателите. Добро е на сон ако убиете пајак, колку е поголем толку е поголема добивката
ПАЈТОН
Патување. Ако се возите во пајтон - бидете безгрижни во периодот кој следува. Празен пајтон - финансиски проблеми. Пајтон без коњи - откажете се намерите кои ги имате. Ако паднете од пајтон - ќе доживеете некои непријатности
ПАКЕТ
Ако на сон примите пакет - ќе чуете важна вест. Ако испраќате пакет - ќе бидете пријатно изненадени. Празен пакет - непријатни вести.
ПАЛАТА
Повеќе трошите од што заработувате. Ако на сон поседувате палата - некој ви завидува. Ако живеете во палата - ќе стекнете наклонетост од некоја угледна личност. Ако добиете палата за подарок - неочекувано ќе доживеете голема радост. Ако градите палата - ќе страдате поради својата препотентност.
ПАЛЕТА
Со бои - среча. Палета без бои - несреќа
ПАЛЕЦ
Мирен безгрижен живот.
ПАЛКА
Болест, кавга
ПАЛМА
Добивка. Сува палма - внимавајте ви страда имотот. Лисја од палма - корист.
ПАЛТО
Патување. Ако го облечете - премногу зборувате. Ако го поседувате - благосостојба. Ново палто - грижи. Искинато палто - разделба со некого. Старо, излижано палто - ве чека тешка работа. Ако купувате палто - се подготвуваат некои настани.
ПАМУК
Пред вас стои голема неизвесност
ПАНАЃУР
Ќе се најдете во големо и весело друштво.  Панаѓурски шатор - Добивка
ПАНТАЛОНИ
Црни панталоно - јадови. Бели - ќе убидите некоја своја заблуда. Ако ги соблекувате - болест. Ако ги крпите - финансиски проблеми
ПАНТЕР
Некој ќе ви ја исполни желбата
ПАНТОМИМА
Ве очекуваат непријатности
ПАПАГАЛ
Неискрени пријатели
ПАПОК
Непријатна средба
ПАПРАТ
Живејте поумерено
ПАРАДА
Ако гледате парада или учествувате во неа - неуспех во работата
ПАРАЛИЗА
Не брзајте во донесување на некоја одлука
ПАРАЊЕ
Ако на сон парате конец - кавга
ПАРЕЊЕ (животни)
Патување
ПАРИ
Ако примате пари - големи трошоцо. Лажни пари - загуба, лажни пријатели.Ако најдете пари - среќа, новост. Ако броите пари - добивка. Ако изгубите пари - успех во работата. Многу пари - неочекувана добивка. Ако давате пари - зголемување на приходот. Ако позајмувате пари - непријатности. Ситни пари - лаги. Ако менувате златни пари во банкнота - лудост. Ако примате фалсификувани пари - големо разочарување. Ако плаќате со фалсификувани пари - смислувате нешто нечесно. Ковани пари - недостижни планови. Ако примате ковани пари - веридба. Ако вавате некому ковани пари - ќе напраите невнимателен потег. Ако менувате метални пари за книжни - загуба.
ПАРИЧНИК
Ако е полн - ќе изгубите пари. Ако е празен - ќе најдете пари. Ако го изгубите паричникот - непријатности. Ако цврсто го држите паричникот - тешки финансиски проблеми.
ПАРК
Богатство. Ако шетате по паркот - Безгрижен живот
ПАРКЕТ
Опасност
ПАРЛАМЕНТ
Непријатен разговор
ПАРНА МАШИНА
Богатство
ПАРОБРОД
Преземете несигурни потфати
ПАРТАЛИ
Ако на сон собирате партали или стари крпи - сиромаштија. Ако сте облечени во партали - лаги. Ако продавате партали - добра работа.
ПАРФЕМ
Задоволсто. Ако мирисате парфем - претерувате во барањата. Ако е ваш парфемот - грижи. Ако купувате - трошоци. Ако подарувате - си земате големи обврски. Ако добиете на подарок - не заборавајте ги пријателите.
ПАСОШ
Патување. Ако го изгубите - ве очекуваат големи грижи.
ПАСТИР
Среќен и семеен живот.
ПАСТРМКА
Ако плива во бистра вода - среќа. Ако ловите  - добивка во игрите на среќа. Ако јадете - жални вети.
ПАТ
Ве очекува среќа во туѓина. Ако одите по рамен пат - ќе ви успее некој потфат. Ако се возите по пат - Ве очекува затвор. Ако работите на поправки на патот - беда.
ПАТЕКА
Ќе барате правда. Рамна патека - среќа. Широка - безгрижен живот. Тесна - непријатности. Патека со кал - жалост. Патека со кал - болест.
ПАТКА
Смирување со некој пријател. Патка што плива - покана за важен состанок. Патка на суво - грижи. Ако ловите патки - ќе ви успее некој потфат. Дива патка - неочекуван успех. Ако јадете патка - задоволство.
ПАТНИК
Ако на патник му дадете храна и конак = ќе ве даруваат
ПАТОКАЗ
Некој ќе ве потсети на нешто важно во вашиот живот
ПАТУВАЊЕ
Ако патувате - ве чека важна работа полна со неизвеснот.
ПАУН
Со раширена опашка - благосостојба, среча и успех во љубовта. Ако го чуете како крешти - кавги. Перце од паун - кавга.
ПАША
Неостварени надежи
ПАШТЕТА
Иако во сегашноста немате грижи мислете за иднината.
ПЕГЛА
Грижи
ПЕГЛАЊЕ
Ненадејно патување
ПЕЕЊЕ
Убаво пеење - среќа. Пеење без слух - несреќа
ПЕЈАЧ/КА
Ви претстојат радосни денови
ПЕЈЗАЖ
Убав пејсаж - убави моменти. Пуст пејсаж - кавга и несреќа
ПЕКАР
Крај на грижите
ПЕКАРНИЦА
Благосостојба
ПЕКОЛ
Ќе го напуштите друштвото со кое се дружите


ПЕЛЕНИ
Валкани пелени - може даја изгубите самосталноста; Ако ги перете - среќа во бракот; чисти пелени - ненадејна радост.
ПЕЛТЕЧЕЊЕ
Ќе молите некого за нешто.
ПЕНА
Непостојаност во љубовта.
ПЕНКАЛО
Разочарување во домот.
ПЕНУШКА
На добар пат сте до потполно задоволство.
ПЕПЕЛ
Слаба заработувачка; ако паднете во пепел - финансиска загуба. Ако растурате пепел - смртен случај. Ако одите по пепел - со лекоумноста ќе си наштетите. Ако собирате пепел - ќе добиете подарок.
ПЕПЕРУГА
Непостојана среќа. Ако ловите пеперуга - краткотрајна среќа. Збирка од пеперуги - свирепост. Ноќна пеперуга - несреќа.
ПЕРАЛНИЦА
Ќе бидете на лош глас.
ПЕРАЧКА
Ќе бидете во пријатно друштво.
ПЕРГАМЕНТ
Среќа во љубовта.
ПЕРДУВИ
Добри приходи и голема добивка. Капа со пердуви - патување. Црни пердуви - болест, а може и смрт.
ПЕРИКА
Ќе бидете понижени. Ако носите перика - преправањето нема да ви успее. Ако ја видите на друг - некој ќе ве излаже.
ПЕРНИЦА
Крај на грижите.
ПЕРУНИКА
Ќе стекнете пријателство со весел човек.
ПЕРЦЕ (ЗА ПИШУВАЊе)
Ќе имате работа со суд.
ПЕРЧЕ ОД КОСА
Промена; Ако исечете перче од коса - промена на подобро; Ако плетете перче од коса - интриги.
ПЕСНА
Ќе бидете тажни; Ако слушате нескладно пеење - озборување; Песна на птици - пријатно доживување; Песна на ноќни птици - несреќа.
ПЕСОК
Несигурен потфат, внимавајте на туѓите лаги, но и вие немојте да се служите со нив.
ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК
Крајно време е да донесете одлука.
ПETEЛ
Болест, смрт; Ако кукурика - лоши вести; Ако гледате како се тепаат петли - кавга.
ПЕТИЦА
Ќе издадете некоја тајна; ако на сон почувствувате болка во петицата - ќе бидете оштетени.
ПЕТОК
Ќе пропуштите некоја заработувачка.
ПЕТРОЛЕЈ
Познанство со пријатно и интересно лице.
ПЕХАР
Треба да сте поумерени; Ако пиете вино од пехар - наскро и за вас ќе настапат денови на задоволство; Ако скршите пехар - болест; Сребрен пехар - ќе ви се случи нешто многу важно; Златен пехар - ќе имате неволји поради својата злобност.
ПЕЧАТ
Ако на сон видите печат на писмо - ќе чуете важна вест.
ПЕЧАТАР
Треба да одите во чекор со времето.
ПЕЧАТНИЦА
Углед и чест; Боја за печатење - чувајте се од болести.
ПЕЧЕЊЕ
Печење леб - судбината е во ваши раце; Ако гледате жена како пече колачи - ќе добиете дете; Ако гледате маж како пече колачи - некој ќе ве озборува.
ПЕЧИВО
Ако вадите печиво од печка - доаѓаат подобри времиња; Ако гледате печиво - покана за свеченост.
ПЕЧКА
Вжарена печка - голем успех; Ако се греете на іечка - благосостојба; Студена печка или печка без оган - немаштија; Ако се изгорите на печка - ќе ја изгубите самодоверба-а; Ако ложите печка - среќа во домот.
ПЕЧУРКА
Ако јадете печурки - залудно се надевате дек ќе се радувате; Ако берете печурки во шума - ќе тргнете по погрешен пат,  внимавајте во љубовните потфати; Ако видите печурки - болест, лага.
ПЕШТЕРА
Ќе ве напуштат пријателите; Ако се качувате над пештера - ќе успеете во нешто, но со големи напори; Ако стоите над пештера - ќе ти надминете сите тешкотии; Ако се наоѓате во пештера - од некого ќе добиете некакво објаснуваље.
ПИВО
Бело пиво - здравје; Заматено пиво - кавги; Темно пиво - добри приходи; Ако истурате пиво - непријатности; Ако точите пиво - ќе бидете поканети на некоја свеченост; Празна чаша од пиво - не бидете премногу доверливи; Ако пиете пиво од мала чаша - не вреди да се борите за идејата.
ПИЕЊЕ
Ќе ви се случи некоја незгода; Ако пиете од убава чаша - среќа; неумерено пиење - ќе ве презираат; Ако пиете чиста течност - добро расположение; Ако пиете матна течност - болест; Ако пиете вино - ќе се ослободите од грижите.
ПИЖАМА
Имате блудни желби; Ако облекувате пижама - неуспех во работата; Ако соблекувате пижама - успех во работата, но само ако се потрудите; Искината пижама - пазете се од непријатни напади врз вашата чест.
ПИЈАВИЦА
Чувајте се од лихвари.
ПИЈАНИЦА
Ќе ви биде нанесена штета поради туѓа вина.
ПИЈАНКА
Среќа и задоволство во пријатно друштво.
ПИЈАНО
Среќен брак.
ПИЈАНСТВО
Ако сонувате дека сте пијани - тоа е многу поволен знак.
ПИЛА
Разочарување, судири и караници со околината.
ПИЛАНА
Наскоро некои важни работи ќе бидат решени успешно.
ПИЛИЊА
Деловен успех.
ПИЛУЛИ
Ве очекува неволја, а можеби u болест.
ПИПЕРКА
Кавга.
ПИРАМИДА
Можеби ќе тргнете на интересно патување, а можебн тоа ќе остане само неостварена желба.
ПИСМО
Ако примите писмо - добри вести, финансиска добивка; Ако пишувате писмо - се подготвува некаква глупост. Ако читате писмо - некои непријатни настани нема да ве изненадат; Изгубено писмо - лоши вести; Ако го запалите писмото - ќе имате непријатности; Ако лепите писмо - чувајте си ја тајната.
ПИШТОЛ
Ако видите или ако купите пиштол - непријателсгво, опасност; Ако пукате од пиштол - внимавајте, некој ви се заканува.
ПИШУВАЊЕ
добри вести; Прибор за пишување - ќе избегнете некоја опасност.
ПЛАВА БОЈА
Ви претстојат пријатни моменти.
ПЛАЖА
Пријатни новости.
ПЛАКАТ
Ненадејна пријатна вест; Ако го видите своето име плакат - покана за свеченост.
ПЛАМЕН
Рамен пламен - победа; Ако пламенот се витка на лево - среќа; Ако се витка на десно - среќа.
ПЛАНИНА
Почитување и углед; Ако се качувате на планина - тешкотии на животниот пат; Ако слегувате низ планина - непостојаност и малодушност.
ПЛАНИНАР
Со работа ќе ги постигнете своите цели.
ПЛАНИНАРЕЊЕ
Ќе бидете вплеткани во некој спор
ПЛАНИНАРСКА КУЌА
Ќе постигнете некоја цел.
ПЛАТА
Ако на сон добиете плата - неочекувана среќа.
ПЛАТНО
Мираз, наследство.
ПЛАЌАЊЕ
Ако вие плаќате нешто на сон - не е добар знак; Ако гледате како други плаќаат - добивка.
ПЛАЧЕЊЕ
Голема среќа; Ако гледате како друг плаче - некое ваше блиско лице ќе биде ожалостено.
ПЛАШЛИВОСТ
Ако на сон се покажете како плашливец - ќе изгубите некој спор.
ПЛЕТЕНКА (КОСА)
Ситуацијата во која се наоѓате е посериозна отколку што мислите; Ако ја исечете - ќе прекинете со некои стари навики; Ако ја плетете - неверство.
ПЛЕТЕЊЕ
Ако плетете волна - грижи.
ПЛИВАЛИШТЕ
Задоволство.
ПЛИВАЊЕ
Ако пливате во бистра вода - успех на сите подрачја; Ако пливате во матна вода - тешкотии; Ако пливате со некоја цел или кон некоја цел - добивка; Ако пливате спротивно на струјата - залудно се обидувате да ја постигнете целта.
ПЛИК
Некој нешто крие од вас.
ПЛИМА
Промени, најверојатно на лошо.
ПЛОВЕЊЕ
По вода - оздравување од тешка болест.
ПЛОЧА
Испишана плоча - не заборавајте ги своите должности; Празна плоча - поради својата глупост ќе имате неволи; Ако пишувате на плоча - некому ќе се жалите поради своите неволји.
ПЛОЧНИК
Далечен пат; Ако го поправате - незгода, телесна повреда; Ако го чистите - ве очекува пофалба или награда.
ПЛОШТАД
Голем плоштад - наследство; мал плоштад - ќе доживеете незгода.
ПЛУГ
Ако на сон видите или купите плуг - ќе добиете добар совет; Ако гледате орање со плуг - пријателите ќе ви помогнат; Ако сами орате - благосостојба.
ПЛУКАЊЕ
Ако некого исплукате или некој ве исплука - среќа.
ПЛУСКАВИЦА
Тага, неуспех, болест, смрт на некое познато лице.
ПОБЕДА
Ако на сон извојувате победа над некого - кратко ќе уживате во среќата.
ПОБРАТИМУВАЊЕ
Ако на сон се побратимите со некого - непријатности.
ПОБУНА
Жестока расправија.
ПОВОРКА
Парична загуба или  краток пат.
ПОВРАЌАЊЕ
Ако на сон повраќате - кратка болест; Ако се извалкате при повраќање - ќе бидете навредени; Ако друг повраќа - добра работа.
ПОВРЕДА
Ако сонувате дека сте повредени - понижување; Ако повредите некого - ќе ви водат инает; Крвава повреда - загуба на имот.
ПОГАЧА
Мали задоголства; Ако ја јадете - благосостојба; Ако ја месите - веселба.
ПОГРЕБ
Големи трошоци за неважни работи; Туѓ погреб - голема радост; Раскошен поrреб - добивка; Сиромашен погреб - тешка борба за опстанок; Свој погреб - добро здравје и долг живот.
ПОДАРОК
Ако подарувате - ќе ви се исплати добрината  или непромислени постапки; Ако добиете подарок - подобруваље на ситуацијата  или внимавајте да не ве излажат; Ако на сон одбиете подарок - ќе избегнете некоја неволја.
ПОДРУМ
Ако на сон седите во подрум - ќе ве пуштат од затвор; Полн подрум - благосостојба постигната со штедливост; Празен подрум - расфрлате пари без потреба; Ако влегувате во подрум - среќа; Ако не можете да излезете од подрум - болест; Ако гледате како други влегуваат - не плашете се од своите непријатели; Ако паѓате по скали во подрум - големи непријатности; Ако живеете во подрум - непријатности, неуспеси.
ПОДУЧУВАЊЕ
Ако некого подучувате - ќе бидете поканети на гости; Ако вас ве подучуваат - се додека се потпирате на други нема да постигнете успех.
ПОЕТ
Ако сонувате дека сте поет - многу фантазирате.
ПОЖАР
Голема радост; Колку е пламенот поголем и посветол - толку поголема ќе биде вашата радост; Пожар со многу чад - поматена веселба.
ПОЖАРНИКАР
Опасност.
ПОЗДРАВ
Ако поздравувате познаник или пријател - пријатни вести; Ако поздравувате непријатели или соперници - слога и помирување; Ако некој ве поздравува - непријатности.
ПОЗНАНИК
Ако сонувате како среќавате некој познаник - ќе ви се исполнат тајните љубовни желби.
ПОЈАДОК
Успех.
ПОЈАС
Богато украсен појас - благосостојба; Ако најдете појас - ќе стекнете нечија доверба; Ако изгубите појас - нема да ви се остварат вашите моментални желби; Златен појас - скоро венчавање.
ПОКАЖУВАЊЕ СО ПРСТ
Ако на вас се покажува со прст - некој ќе ве прогонува.
ПОКАНА
Ако вас ве канат на гости - пазете се од сопствената чеснољубивост; Ако вие каните некого - ќе присуствувате на некоја свеченост.
ПОКЛОНУВАЊЕ
Ако на сон се поклонувате - на јаве ќе се покорувате.
ПОКРИВ
Сигурен живот, поддршка од вашите заштитници; Ако седите или стоите на покрив - задоволство и углед; Ако паднете од покрив - лоши вести, неповолни настани. Ако поставувате покривот - за вљубените - вечавање, за оние во брак - децата ќе ве израдуваат; Покрив што гори - услех во работата; Птици на покрив - патување; Ако гледате керамида да паѓа од покрив - ќе ви се испречат препреки на патот до успехот.
ПОКРИВКА
Ќе биде откриена некоја вистина од која се срамите.
ПОКУЌНИНА
Свадба; покуќнина во безредие - вашата невнимателност ќе ви донесе загуба.
ПОЛАРНО СВЕТЛО
Неочекувана радосна вест.
ПОЛЕ
Неплодно поле - сиромаштија; Ако обработувате голе - корисна работа; Ако мерите поле - ви претстои добра зработувачка.
ПОЛЖАВ
Среќа и успех; Повеќе полжави - треба добро да размислите пред да донесете одлука; Ако се движи споро - сигурно ќе стигнете до целта што сте 0ја поставиле; Ако јадете полжави - добри вести; Куќичка од полжав - ќе добиете убав, неочекуван подарок.
ПОЛЗАВЕЦ
Озборување, подмолност.
ПОЛИП
Патување.
ПОЛИТИКА
Ако на сон разговарате со некого за политика - караница со пријателите.
ПОЛИЦА
Углед и почитување.
ПОЛИЦАЕЦ
Ќе наидете на препреки со непријатни последици.
ПОЛИЦИЈА
Пазете се од нечесни и двосмислени работи.
ПОЛКОВНИК
Голема среќа; Ако разговарате со него - ќе расчистите една замрсена ситуција.
ПОЛОВИ ОРГАНИ
Машки - проблеми; Женски - ќе се покажете како кукавица.
ПОМАДА
Телесен недостаток; Ако мешате помада - болки; Ако се мачкате со помада - ќе бидете излажани; Ако мачкате некого со помада - ќе го излажете вие него.
ПОНЕДЕЛНИК
Не приредувајте непотребни свечености.
ПОНИЖУВАЊЕ
Ако на сон доживеете некое понижување - некој ќе ви подари наклоност и пријателство; Ако вие понижите некого - ќе имате непријатели.
ПОНОР
Ако паднете во понор - сте избегнале некоја опасност, а не сте ни забележале; Ако гледате понор или стоите на работ од понорот - внимавајте во работата и посветете повеќе внимание на своето здравје.
ПОП
Жалосна вест или ве очекува кумство.
ПОПЛАВА
Грижи, загуба или еден ваш близок човек ќе доживее неуспех; Ако ве зафати поплава - добивка.
ПОРОДУВАЊЕ
Ако присуствувате на породување - ќе бидете повикани на суд како сведок; Ако помагате  - ќе добиеге милостина; Ако сонувате како се породувате - семејна cpeќа, за девојки - болно искуство.
ПОРОТНИК
Непријатности.
ПОРТОКАЛ
Предзнак за подмолно пријателство; Кисел портокал - болест; Портокали на дрво - љубовни јадови; Ако ги берете - ве чека среќа во иднина; Ако јадете портокал - ќе ви се исполнат надежите или ќе доживеете љубовна авантура; Ако лупите портокал - долго ќе се мачите пред да си ги исполните желбите; Ако купувате портокали - љубовта ви е возвратена.
ПОРТРЕТ
Свој портрет - ќе ги увидите своите грешки; Туѓ портрет - нова љубов.
ПОРЦЕЛАН
Благосостојба; Скршен порцелан - болест; Ако купувате порцелан - ќе основате свој дом.
ПОСЕТА
Весело друштво; Служебена посета - непријатности; Неочекувана посета - непријатно изненадување; Ако вие одите во посета - минливи непријатности.
ПОСЛУГА
Домашни грижи.
ПОСЛУЖАВНИК
Посета.
ПОСЛУЖУВАЊЕ
Ако послужувате некого - ќе зависите од некој.
ПОСРЕДНИК
Очекувајте некои непријатни вести или непријатна посета.
ПОСТАВА
На облека - штета; Шарена постава - непријатности; Бела постава - уживање; Искината постава - работата, што сте ја започнале треба што побрзо да ја завршите.
ПОСТЕЛА
Болест, грижа на совест.
ПОСТЕЊЕ
Немаштија.
ПОТ
Болест.
ПОТКОВИЦА
Добивка во игри на среќа; Ако ја најдете - среќа; Ако потковувате коњ - доаѓаат тешки времиња.
ПОТОК
Ако стоите или се капите во поток - скоро оздравување; Бистар поток - пријатна иднина; Поток со риби - корисна работа; Поток што полека тече - имате немарни и мрзливи соработници на работа; Голем поток - удобен живот; Плиток поток - единствено сами можете да си помогнете; Длабок поток - неискрени пријатели; Матен поток - неволји; Исушен поток - доаѓаат тешки времиња; Ако се видите во поток - среќа и добивка во игри на среќа; Брз или надојден поток - болест, смрт, непријатности.
ПОФАЛБА
Ако ја добиете - озборување; Ако вие пофалите некого - ќе стекнете пријатели.
ПОЦРВЕНУВАЊЕ
Ќе бидете добро расположени.
ПОЧЕСТ
Подобро е на сон вие да укажувате почести на други отколку другите вам.
ПОЧЕТНИК
Успех, но со многу труд.
ПОШТА
Ако добиете пошта - исполнување на желбите; Ако испраќате нешто по пошта - ќе ви се исполнат некои очекувања; Поштенска зграда - вестите се на пат кон вас; Поштенска кола - патување, посета; Поштенско сандаче - би требало да им се јавите на оние кои од вас очекуваат вести; Поштенски службеник - ве очекува писмо или посета.
ПОШТАР
Безгрижен и весел живот.
ПРАБАБА/ПРАДЕДО
Добивка, долг живот.
ПРАГ
Ќе основате свој дом.
ПРАЗНИК
Грижи
ПРАСЕ
Живо прасе - болки; Печено прасе - не верувајте во се што ќе ви кажат.
ПРАСКА
Среќа која веќе сте ја сметале за изгубена; Ако јадете праски - средба со драго лице; Ако гледате праски на дрво - ќе паднете во искушение; Ако подарувате праски - новата околина добро ќе ве прифати.
ПРАШИНА
Изненадување на пат.
ПРАШУМА
Сигурност и успех; Ако залутате во прашума - ќе се најдете во заплеткана ситуација.
ПРЕВЕДУВАЊЕ
Од странски јазик - околината ве цени и ве почитува.
ПРЕВЕЗ
Ако носите превез - една тајна ќе излезе на виделина; Ако видите некој како носи превез - ќе добиете неочекувана помош.
ПРЕВРТУВАЊЕ
Болест; Ако видите како некој се превртува - ќе го смените мислењето за некој познаник или пријател.
ПРЕГАЗУВАЊЕ
Ако ве прегазат - ќе се ослободите од некоја опасност; Ако вие прегазите некого - ќе се најдете во многу непријатна ситуација.
ПРЕГЛАДНЕТОСТ
Ако сонувате дека сте прегладнети - немате пријатели.
ПРЕГРАДА
Непријатности
ПРЕГРАТКА
Ако го прегрнете саканото лице - среќа; Ако прегрнете пријател - несреќа; Ако прегрнете лице од спротивниот пол - желбите ќе ви останат неисполнети или некој ви ласка.
ПРЕДАВАЊЕ
Ако слушате предавање - тага; Ако држите предавање - некој ве обожава.
ПРЕДАВНИК
Крај на грижите.
ПРЕДАВСТВО
Ако вие предадете некого - ќе имате големи грижи; Ако некому се предавате - ќе ви се остварат плановите.
ПРЕДЕЊЕ
Среќа во љубовта.
ПРЕДИВО
Чувајте се од невистини.
ПРЕДИЗВИК
Ако ве предизвикуваат - нема да се смирите со непријателите; Ако вие предизвикувате некого - ќе стекнете нови непријатели.
ПРЕКИН
Ако на сон прекинете односи со некого - вашите планови и вашиот добар глас се во опасност.
ПРЕЛИСТУВАЊЕ
Ако на сон прелистувате книга или весник - може лесно да ви се остветат за вашата непостојаност.
ПРЕНОЌЕВАЊЕ
Долго патување.
ПРЕПЕЛИЦА
Вести од далеку; Ако јадете месо од препелица - тешкотии.
ПРЕПРАВАЊЕ
Страв пред непријателите.
ПРЕСКОКНУВАЊЕ
Ако на сон нешто прескокнувате - ве очекува успех во работата и во љубовта.
ПРЕСТИГНУВАЊЕ
Ако на сон некого престигнувате - долг живот.
ПРЕСТИЛКА
Треба да совладате некои препреки за да си ги остварите плановите; Ако ја носите - стравувате од непријатности; Ако е искината  престилката - опасност од злоба и озборување; Ако ја изгубите - разочарување.
ПРЕСТОЛ
Ненадејни промени на лошо.
ПРЕТСОБЈЕ
Неисполнети надежи.
ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ
Ако на сон нешто пречекорите - трудот ќе ви биде награден, иако ви е потребно повеќе време.
ПРЕЧКА
Ако наидете на пречка - на вашиот животен пат ви стојат многу пречки.
ПРЖЕЊЕ
Ако на сон нешто пржите - наскоро ќе се впуштите во работа која ќе ви донесе голема корит.
ПРИБЕЖИШТЕ
Ако најдете прибежиште - ведра иднина; Ако барате прибежиште - имате верни пријатели кои ќе ви помогнат.
ПРИВИДЕНИЕ
Ако видите привидение ноќе - некој ќе ве предаде; Бело привидение - радост; Црно привидение - жалост.
ПРИЗЕМЈЕ
Смирен и задоволен живот.
ПРИЗНАНИЦА
Ако ја примите - парична добивка; Ако ја давате - благосостојба; Ако ја пишувате - ќе стекнете непријатели.
ПРИЈАТЕЛ
Ако на сон сретнете некој свој пријател - неочекуван настан; Ако јадете со него - непријатности; Ако сонувате пријател кој е мртов - ќе чуете важна новост; Ако изгубите пријател - несреќа; Ако го изневерите - ќе се посрамите; Ако го видите болен - се подготвува некое злодело; Ако го испраќате - тага; Ако се расправате со него - тоа е добар знак; Ако се смирувате - лош знак; Ако се тепате со пријател - болест.
ПРИЈАТЕЛСТВО
Ако на сон склопувате пријателство - пазете се од својата околина; Ако ве изневерат пријателите - ќе се извлечете од некои непријатности.
ПРИСЛУШУВАЊЕ
Ако на сон прислушувате туѓи разговори болест и непријатности.
ПРИСТАНИШТЕ
Патување; Ако има многу бродови - добри вести; Ако впловувате со брод во пристаниште - исполнување на желбите, мир и среќа.
ПРИТИСОК
Ако на сон чувствувате некаков притисок - болест.
ПРОВАЛИЈА
Ако видите провалија - се плашите од нешто; Ако турнете некого во провалија - голема неволја; Ако паднете во провалија - ве очекуваат големи непријатности; Ако го избегнете падот - неочекуван спас од некоја тешка ситуација; Ако скокнете во провалија - со своите постапки се доведувате во опасност; Ако некој друг скока во провалија - ќе бидете во опасност поради туѓа вина.
ПРОГОНСТВО
Ве очекува значајна промена; Ако вие прогонувате некого - опасност или болест.
ПРОГРАМА
Ако слушате програма - ќе бидете оштетени поради вашата љубопитност.
ПРОДАВАЊЕ
Грижи, загуба; Ако продавате безвредни работи - ќе решите некои проблеми и дилеми.
ПРОЗОР
Затоврен прозор - сомнителна работа; Ако излегувате низ прозор - ќе пропуштите некоја работа; Ако паднете од прозор - ви се заканува опасност; Ако гледате низ прозор - новости; Ако влегувате дома низ прозор - бес и кавги; Многу прозорци - среќа.
ПРОЛЕТ
Убава и среќна иднина или убави вести од некое вам драго лице.
ПРОЛИВ
Ако сонувате дека имате пролив - грижи и недоразбирања дома.
ПРОНАЈДОК
Чуватајте се од брзи заклучоци.
ПРОПАСТ НА СВЕТОТ
Ве исмејуваат поради глупостите што ги правите.
ПРОПОВЕДНИК
Болест.
ПРОРОК
Верувате во лажни ветувања.
ПРОРОШТВО
Ако чуете пророштво - исполнување на желбите; Ако кажете пророштво - не ветувајте го она што не можете да го исполните.
ПРОСЈАК
Ако видите просјак - вашите напори ќе бидат залудни; Ако ви дојде дома - изненадување; Ако дарувате просјак - некое ваше добро дело ќе биде наградено; Ако искарате просјак - подарок; Ако се сонувате како просјак - добивка во игри на среќа.
ПРОСО
Успех, благодарение на случајни околности; Ако јадете просо - извесно време ќе живеете скромно.
ПРОСТИТУТКА
Ако е убава и млада - ќе уживате и тоа нема да ве чини ништо; Ако е грда - залуден трошок; Ако е невешта - труд и мака без смисла.
ПРОТЕГАЊЕ
Ќе почувствувате смртен страв.
ПРОЦЕНТИ
Ако на сон пресметувате проценти - ќе имате деловни грижи.
ПРОЦЕС (СУДСКИ)
Ако водите процес - тешкотии; Ако добиете процес - ве очекува успех во некој потфат, но само со голем напор; Ако изгубите процес - нема да тече се така лесно како што сакате.
ПРСТ
Болест; Мал прст - кавга; Болен прст - веселба; Ако видите рака без прст - штета; Ако го исечете прстот до крв - ќе се здобиете со нечија љубов; Убави прсти - почитување и углед во друштвото; Валкани прсти - кавги и непријатности.
ПРСТЕН
Свадба; Ако некој ви подари прстен - ќе бидете заштитени од моќен човек; Колку повеќе прстени на рака, толку поголеми успеси; Ако најдете прстен - успех во љубовта; Ако го изгубите - неверство; Скршен прстен - кавга и разделба.
ПТИЦА
Ако седи - жалост; Ако лета - вести; Ако ја уловите - добивка; Птица во кафез - ќе ги надмудрите своите противници; Бела птица - радосни вести; Ако ја храните - ќе ги гоштавате пријателите; Ако ја убиете - загуба; Ако долетува кон вас - ви носи среќа; Ако одлетува од вас - ви ја однесува среќата; Домашни птици - подобрување на ситуацијата; Ако храните домашни птици - непријатности; Птичји јајца - благосостојба.
ПУДИНГ
Ве сакаат децата.
ПУДРА
Трошењето ќе ве доведе до работ на пропаста.
ПУКАЊЕ
Ќе одите на лов; ако пукаат на вас - пазете се од повреди; ако чуете само еден истрел - ќе се вљубите.
ПУКНАТИНА
Внимавајте, се подготвуваат непријатности; ко стоите над некаква пукнатина - ќе западнете во непријатости.
ПУНЧ
Ако пиете пунч - пријатни, но краткотрајни моменти; Ако правите пунч - некои луѓе ја искористуваат вашата добрина.
ПУПКА ОД ЦВЕТ
Ќе ви се исполнат љубовните желби, веридба.
ПУСТИНА
Грижи, опасност.
ПУСТИНИК
Бидете задоволни и со малку.
ПУТЕР
Ако јадете путер - караница со пријателите; Ако правите путер - ве очекува лесен живот; Ако купувате путер - расипништвото ќе ве упропасти.
ПУШКА
Ако пукате од пушка - не употребувајте сила во остварувањето на своите цели; Ако носите пушка - потребна ви е заштита и помош; Убава пушка - има шанси да се вљубите; Ако одите на лов со пушка - неверство; Пушка со сачми - кавга со пријателите или роднините.
ПЦУЕЊЕ
Ако вие пцуете - кавга; Ако чуете пцовка - срамота.
ПЧЕЛА
Ако ги гледате пчелите како работат - добри изгледи во иднина; Ако слушате зуење на пчели - за земјоделците - родна година, за останатите - загуба; Ако ловите пчели - голема добивка; Ако ги убивате - несреќа и немаштија; Ако ве боцне пчела - ќе се случи нешто многу важно и одлучувачко.
ПЧЕНИЦА
Изобилство и среќа.
ПЧЕНКА
Пченка во поле - успех во работата; Ако берете пченка - мирен и среќен живот; Ако мелете пченка - ќе излажете некого.

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...