Бидејќи имате болки во стомакот, чувствувате боцкање, гадење, вртоглавца и болки во градите, потребно е веднаш да се јавите кај вашиот гинеколог кој ќе направи целосен преглед и увид на вашата состојба. Доста важно е да се посоветувате со гинекологот какво контрацептивно средство да користите, за да не дојде до несакана бременост, доколку не сте ја направиле таа грешка. Следниот пат никако не смеете да се впуштате во сексуален однос без заштита.
Детето после третата година веќе треба да ја изговата буквата „Р„. Доколку сеуште има проблем со изговорот, потребно е да се однеси на логопед, каде што детето со помош на логопедски вежби набрзо ќе започне да ја изговара буквата правилно. Исто така треба да се обрне внимание дали детето правилно ги изговара буквите Л, Љ, Ч, Ж, С, Ц, Ш и З, исто така букви кои даваат проблем при изговор.