Saturday, May 19th

Апдејт:02:01:57 PM GMT

вие сте: Сервиси на Ме Читаш Хороскоп Годишен хороскоп за 2012 година

ГОДИШЕН ХОРОСКОП ЗА 2012 ГОДИНА

Печати
Ниво на корисникот: / 12
НајлошоНајдобро 

Овен

ОВЕН 21.03 - 20.04

Работа: Во текот на годината во работата ќе го гледате она што сакате да го видите. Хоризонтот ќе го намалите, за помалку да бидете разочарани, затоа што изминатата година ве има исцрпено. Кога ќе се соочите со потешкотиите, ќе станете имуни на нив и ќе зајакнете, но ќе научите и нешто умно. Ќе патувате со имагинацијата и добро ќе се чувствувате во вашиот свет на фантазија. Но ќе мора кон крајот на годината да се вратите назад во реалноста, и за жал ќе мора да се соочите повторно со проблемите кои ќе се најдат кон крајот на годината. Најголем проблем ќе бидат финансиите. Меѓу Овновите се ретки оние кои ќе ги тријат рацете поради успешните финансии. Претпоставените нема да ви бидат наклонети како што беа во 2011 година, па ќе морате да се борите за својата позиција.

Љубов: Во оваа година ќе влезете растеретени и задоволни, па своите проблеми во љубовта ќе ги намалите на минимум. Оние кои подолго време се разочарани во љубовта и кои престанаа да веруваат во неа, одеднаш ќе го променат мислењето. Многу работи ќе се разбудат заедно со доаѓањето на пролетта. Сосема нова личност може да влезе во вашиот живот, која благо ќе ве благослови. Ќе уживате во заедничка среќа и ќе бидете задоволни со новите настани. Но сепак ќе исплива на површина, и покрај се, вашиот карактер, кој се карактеризира многу почесто со истапи на незадоволство и покрај она кое ќе го добивате од партнерот. Оние кои се долго заедно ги чека задоволство, но и проширување на семејството.

Здравје: Многумина ќе имаат проблем со дишните патишта. Немојте сето тоа да го оставате на времето, бидејќи проблемот нема да е едноставен.

Совет: Искористете ја оваа година за она кое што ќе ви биде понудено. Секогаш, кога имате плоден период, така и однесувајте се. Отворете ја вратата за секого, како за позитивните, така и за негативните луѓе. Во текот на годината, ќе научите нешто умно. Поволен период е помеѓу 30 април и 12 мај и 21 септември и 18 октомври.

Бик

БИК 21.04 - 20.05

Работа: Во вашето астролошко поле на работа, ќе управува Меркур, кој секоја година неколку пати е ретрограден, а тоа значи потешкотии за вас, кога треба да се донесат правилни одлуки. Оваа година тоа ќе биде од 12 Март до 13 Април, и треба да бидете внимателни. Од 5 Март ќе се вклучите во големи проекти, со респектабилна личност која ќе ви понуди соработка. Поволниот бизнис ќе трае до јуни кога  Месечината ја затемнува вашата астролошка областа на пари и големи профити, но до крајот на Јуни ситуацијата ќе се подобри, а веќе во јули доста убаво ќе се прилагодите на новото работното место и ќе се потрудите да ја проширите соработката, особено со непознати. Во секој случај, ова е вашата година, поради Јупитер  кој е во куќата на вашата личност, кој ви дава харизматичност и во астролошката куќа на работата и ви носи добри можности за профит. Средината на август ќе биде многу стресна ако работите со Овен, Шкорпија или Јарец, но ќе имате поддршка од Водолија. Кон крајот на август, бидете внимателни во работењето, особено ако ги барате своите права. Во септември и октомври најверојатно ќе бидете ангажирани во работа во која се бара голем напор, но ќе бидете добро платени. Во времето на вкупно затемнување на Сонцето, 13 Ноември, во вашата компанија ќе има промени, прилично големи добивки се можни. Среќен период ќе започне во средината на ноември, особено ако работите со странци.

Љубов: Во почетокот на февруари, можно е тајна љубовна врска со личност која не е слободна и која може да предизвика скандал.  Во март доколку сте слободни неочекувано може да започнете љубов со харизматична личност или да ја продолжите љубовна приказна од претходниот период. Венера, владетелот на вашиот карактер се движи ретроградно од 15 Мај до почетокот на јуни и ќе помине во близина на Сонцето, а тоа значи дека ќе бидете во ситуација која не се повторува често, особено ако сте во љубов со Овен или Лав. Јуни е многу важен месец за вас, затоа што вашиот карактер ќе биде силен и дотогаш веројатно ќе бидете во емотивна врска со еден колега, по можност со претпоставен, некој кој е познат на јавноста. Средината на август носи драматични рокови, можно раскинување или одлука од витално значење. На крајот на август значи повторна авантура која може да доведе до несакани последици. Во Ноември партнерот може да биде премногу зафатен на работното место, и во средината на Ноември е можно да заминете во странство заедно. Ова е една бурна година на љубовно поле, година исполнета со подеми и падови.

Здравје: Нема да живеете во луксуз и раскош во кој некогаш сте живееле, па може само да доведе до депресија оваа година. Но, сепак нема да имате други значителни проблеми со здравјето.

Совет: Арогантниот начин на живот ќе стане вообичаен. Предупредувања кои ќе доаѓаат од страна на пријателите повеќе ќе бидат добронамерни. Посветете поголемо внимание на лошата економска состојба. Поволни периодот од 10 јуни. да 28. јули. и од 14.октомври. до 22.ноември.

Близнаци

БЛИЗНАЦИ 21.05 - 21.06

Работа: Во 2012 година, планетарните влијанија ќе го забават темпото и ќе донесат мир на сите Близнаци. Ова ќе ви овозможи мирно да направите план поврзан со кариерата. Веќе на почетокот на годината ќе имате остварување на целите и нови начини да постигнете повеќе. Март и април, се многу важни месеци, конечно ќе преминете од зборови на дело, и ќе имате голема поддршка од семејството. Голем поттик за раст и развој на кариерата ќе дојде од луѓето околу вас, можеби вашиот партнер или најблиски соработници. Новите знаења и вредности ќе ги прошират вашите граници во спортот, културата или филозофија.
Од мај до крајот на јуни 2012 година. може да имате зголемување на приходите и на продуктивноста. Благодарение на поволните планетарни позиции, Близнаците може да очекуваат профитабилна година, под услов тие да научат да бидат мудри и трпеливи. Помирете се со фактот дека едноставно подобро функционирате под притисок и ќе бидете во можност да го постигне она што го сакате.
Напредок ве чека во работите поврзани со трговија, медиумите, туризам, градежништво, наука и образование и политички активизам.

Љубов: Крајот на зимата и првите денови на пролетта значи нова љубов, или ќе бидете заинтересирани за некој кој го гледате на работа. Вистинско време за љубов, обновување на стари пријателства или започнување на врска со некој што го знаете, е на почетокот на април,  но престој на Венера, планетата на љубовта во вашето астролошко поле на партнерски односи, носи различни стресни ситуации, особено ако сакате да се врати стариот пламен, но со некој кој знаел како да манипулира добро со вас. Од средината на мај до 27 Јуни ретроградното патување на оваа планета ќе ве направи сентиментални, колебливи и ранливи. Од 11-ти Јуни Јупитер, владетелот на вашиот знак, влегува во астролошкото поле на пријателство, дури и ако во тоа време сте во врска со нов партнер, поранешниот ќе стори сé за да му се вратите. Транзитот на Венера и Јупитер, на вас и вашиот партнер може да ви донесе голема популарност, што може да прави проблеми во врската. Затемнувањето на Месечината  во астролошкото поле на партнерство, на машките представници на знакот може да им донесе комплицирана врска, а доколку продолжи врската, може да доведе до взаемно незадоволство за време на второто затемнување на 28-ми ноември. На крајот на август и во септември ќе бидете мирни, задоволни и среќни, а влезот на Сатурн во астролошкото поле на тајни и медитација, на почетокот на октомври може да направи да сте склони кон нерасположеност и осаменост, особено ако немате доволно љубов.

Здравје: Ќе поработите на здраствените мали нешта кои ќе се читаат на вашето тело и во вашиот организам. Сè ќе санирате, за да можете во потполност да се ослободите од мислата дека нешто не е во ред со вас.

Совет: За промена, ќе најдете нешто што е практично и корисно. Ќе се поклоните на оптимизмот, а воедно и на луѓето околу вас ќе им помогнете да го решат песимизмот. Ќе мора да ги оставите настрана промените во расположението, кои немаат конкретни причини. Поволен период е април и од 18.10. да 23,11.

Рак

РАК 22.06 - 22.07

Работа: Исто како и минатата година, ќе треба и во 2012 година, да работите за да стигнете до опипливи резултати. Но, сето тоа ќе биде многу полесно. Важно е да не се изгуби довербата во своите способности, додека во исто време треба да одвоите енергија. Надворешните околности ќе ја стимулираат вашата креативност, а вие за многу важни луѓе ќе бидете откриени како личност со повеќе способности и креативни вредност. Во текот на првите три месеци од 2012 година ќе биде најдобро време да заблескате со целосен потенцијал.
Во вас секогаш ќе има нешто инспиративно. Кога ќе донесете одлука, тогаш ќе немате мир и ќе сакате се да биде подредено на вашите желби, и ова може да ви донесе непријатности. Нема да бидете трпеливи и може да имате нов бран на анксиозност или некои пречка кога ќе се направи мал застој во работата. Сепак, во 2012 година потребно е да бидете разумни и решителни.
Избегнувајте било каков конфликт со своите претпоставени во втората половина на 2012 година и потпрете се на внатрешната сила и решителноста, за  успешно да се надминат сите пречки што ќе се појават и на вас ќе делуваат како искушение.
Астролошките анализи покажуваат дека треба да бидете трпеливи кога станува збор за нови инвестиции. Најповолен период е во средината на годината или подоцна. Бидете особено внимателни во септември/октомври, затоа што во спротивно ризикувате да изгубите пари. Финансиите треба да бидат поповолни во декември.

Љубов: Сатурн, планетата на амбиција, строгоста и дисциплина е две години преку вашето астролошки поле на домот и семејството, па од вас се очекува емоционална зрелост, како и да бидете столб на куќата, без разлика на која старосна група припаѓате. Нептун и Марс, исто така управуваат со вашето астролошко поле, на планетарните односи и духовност, и ќе бидете во можност да најдете решение за својот емотивен живот, а можеби и ќе влезете во брак, доколку не сте. Пролетта може да биде многу бурна, но сепак ќе ги контролирате настаните и ќе бидете подготвени да се жртвувате на некој начин, или да ги усогласите своите планови со партнерот, само врската или бракот да функционираат. Во јуни, можна е тајна љубов што може да доведе до скандал, особено ако тоа е Вага, Бик и Лав. Многу Ракови за прв пат ќе доживеат страсна врска во февруари, март или јули или од крајот на август до почетокот на октомври, бидејќи се Марс и Сатурн во Шкорпија, можно е да ве поврзат со силна личност која носи униформа на работа. Јунските ракови, најверојатно, ќе доживеат романтична врска со некој кој живее во странство, а оние Ракови кои се родени во средината на знакот, можно е да имаат романса со лице кој работи во јавна установа или банка, додека Раковите родени во последната декада, може да имаат врска со Водолија или Овен.

Здравје: Здравствената состојба ќе биде малку лоша, но, ништо нема да е алармантно. Имунитет често ќе биде во опаѓање. Ќе чувствувате проблеми со бубрезите. Научете како да пиете повеќе вода.  Алергиите ќе се појават во текот на пролетта и есента.

Совет: Од вас ќе се бара повеќе храброст, дисциплина, и жртвување. Одеднаш ќе станете хедонист. Време е да се фрлите во авантура и да го отстраните вишокот на тежина. Повеќе зајакнете ја вашата личност и самоконтрола. Погоден период е почетокот на годината и од 16.06. да 05.08.

Лав

ЛАВ 23.07 - 23.08

Работа: Ретроградниот Марс од 24 Јануари е во вашето астролошко поле на работа и пари, а  тоа значи тешко време со многу обврски, а ќе бидете премногу уморни од потребата да се докажувате дека сте во право. Од 14 Април, полесно ќе ги решавате проблемите во работата со странци додека Јупитер, планетата на слава и успех е во астролошката куќа на кариерата, а помош ќе имате од 11 Јуни кога ќе добиете поддршка од претпоставените, а по овој период и поддршка од пријателите. На вашиот знак ќе има најголемо влијание преминот на Јупитер, планетата на моќта и парите од кариера на полето во полето на пријатели, што ќе се случи во јуни. Затемнувањето на Сонцето од 20 Мај ви носи проблеми во работењето со колегите, а второто затемнување од 13 Ноември, ви носи сомневање во точноста на одлуките поврзани со големи проекти во рамките на приватни фирми. Ретроградниот Меркур ќе влијае на вашите финансии, а особено внимателни треба да бидете доколку работите со нови партнери. Родените во првата декада на знакот ќе бидат под силно влијание на Уран, планетата на големи промени, која носи можност за контакти со странци, а тие што се родени во средната декада ќе се под влијание на Јупитер во Близнаци, особено од 11 Јуни, кој им носи нови значајни познаници, а родените во третата декада ќе се занимаваат со политика и ќе бидат многу успешна кога станува збор за парите.

Љубов: На астролошкото поле на љубовта владеат Јупитер, Уран и Марс, до средината на април и ќе бидете во искушение дали да ја прекинете врската со некој што доста ве исцрпува, и да влезете во нова врска со Близнаци или Стрелец. Почетокот на февруари, кога Венера, планетата на љубовта, е во врска со Уран, одеднаш ви носи средба со личност со која може да доживеете страсни односи, особено ако лицето е познато на јавноста. Помали несогласувања ќе имате на почетокот на март, и од 20 Мај и 14 Ноември, кога Сонцето, владетелот на вашиот знак, ќе биде во фаза на затемнување, па може да донесете одлука која нема да биде во ваш интерес. Меѓутоа, во секое време ќе бидете заштитени од доброто влијание на Јупитер и личност родена во знакот на Близнаци. Родените на почетокот на знакот може да стапат во контакт со некој кој ќе го запознат преку интернет, а ќе се работи за уметник, лекар, или спортист. Во почетокот на септември, Венера влегува во вашиот знак и ви носи големи можности во врската, но бидете внимателни, бидејќи вашиот поранешен партнер може да направи љубоморна сцена. Есента не е погодна за формирање на брак или започнување на сериозна врска.

Здравје: Стресот во вас ќе направи длабоки корени, па нема лесно да се решите од него. Ќе ги намалите таблетите, а стресот ќе го решите на природен начин. Можни се проблеми и со 'рбетот, а жените ќе ги мачат менструални проблеми.

Совет: Пред вас е година на промени во сите сфери на животот. Секој мудар чекор значи успех. Предизвиците ќе ви бидат недостижни цели. Трпеливоста ќе мора да стапи на сцена. Поволен период во текот на годината, особено е почеток, и од 21 јуни до 23 август.

Девица

ДЕВИЦА 24.08 - 22.09

Работа: Марс (планета на акција, владетел на вашето астролошко поле на конкуренција, високи профити и тајни непријатели ) последен пат бил ретрограден во вашиот знак, во пролетта 1997. Ситуација слична на онаа што сте ја доживеале во текот на овој период ќе се повтори од 23 Јануари до 13 Април, кога треба да бидете многу внимателни, особено од 12 Март до 4 Април, бидејќи Меркур, планетата на логиката оди ретроградно низ астролошкото поле на партнерски односи. Сепак, ќе имате заштита од Бик или Вага, но не и од Водолија. Добра позиција на Јупитер во Бик е од 11 Јуни кога ви носи големи можности за работа, а може да влезете во договор со кој првично ќе бидете задоволни, но подоцна ќе имате можност да направите некои дополнувања и промени, затоа што Јупитер ќе остане до крајот на годината во вашата астролошка кариера. Јуни, може да биде стресен за многумина. Цело време ќе ве заштитува од непријатности на работа позицијата на Плутон, особено оние кои се родени во првата и втората декада на знакот, а родените пред крајот ќе бидат под заштита на Јупитер во предизвикувачки аспект со Нептун, кој носи соработка со надворешни лица. Август, ќе биде прилично тежок, затоа што ќе биде основа на заеднички желбите и можностите со партнерите, а влезот на Сатурн, планетата на амбиција во Шкорпија од 4 Октомври, ќе ви донесе толерантни колеги, што вам ова ви е доста важно. До крајот на август ќе имате силна интуиција, а од октомври ќе бидете под влијание на астероид на кармата, која  ви дава харизматичност и популарност.

Љубов: Сатурн, Нептун и Венера се владетели на вашето астролошко поле на љубовта. До 4 Октомври Сатурн, планетата на сериозност и стабилност е многу силна во Вага и ќе направи да сте строг критичари и вашиот партнер може да има многу тешкотии со вас. Со зголемување на вознемиреноста поради ретроградниот Марс во астролошкото поле на личности од 24 Јануари до 13 Април, ќе имате многу тешкотии да се справите со проблемите во врската и покрај стабилноста на истата. Најзначајните транзити, што се одразуваат на вашиот карактер е приклучувањето на Нептун, планета на фантазијата, романтиката и далечните патувања во знакот на Риби, ви носи некоја личност која е многу чувствителна, но и многу амбициозна. Слободните девици може да започнат љубов со лекари, хемичари, уметници или спортисти. Повремената нервоза во вас, ќе ви дава несигурност, а тоа ќе биде забележано од другата страна. Септември ви носи можност за средба со харизматична личност со која може да имате убава љубов.

Здравје: Во текот на пролетта ќе имате проблеми со секојдневните главоболки, кои би можеле да се повторуваат. Доколку се сомневате на некои здраствени потешкотии најдобро е да направите систематска контрола, за да се ослободите од мислите дека нешто не е добро со вас.

Совет: И покрај стабилната врска, вашата нервоза и заморот можат да предизвикаат потешкотии, затоа најдобро е повеќето слободни моменти да ги поминувате надвор од домот со партнерот. Доколку сте без партнер поработете повеќе на себе, односно на самодовербата. Не се препуштајте на кратки излети.

Вага

ВАГА 23.09 - 23.10

Работа: На вашиот карактер не му е лесно да се избори за своето место под сонцето. Марс, планетата на енергијата и агресивноста, престојува во вашата астролошка куќа на тајните непријатели до 3 Јули, но ќе ја наруши својата сила очигледно од 23 Јануари до 13 Април кога ќе биде во ретроградно патување. Ова може да значи дека вашите непријатели ќе ја променат тактиката, и Венера, владетелот на вашиот знак, која обично ве прави пријателски расположени и внимателни ќе направи да им дадете на непријателите удар кога тие најмалку очекуваат. Од 15 Мај до 27 Јуни може да бидете во дилема за тоа како да се однесувате со колегите, особено ако имате работа што не ја сакате и не сте платени доволно. Сепак, ќе бидете повеќе помоќни отколку што мислите, особено во јуни кога ви следи можна работа со Лав. Влегувањето на Марс во вашето поле ве прави да станете попустливи кон колегите, особено во јули и почетокот на август, па ако сте незадоволни со статусот на работата во средината на август ќе се обидете повторно енергично да го решите ова прашање. Кон крајот на август, кога Марс влегува во Шкорпија почнува за вас многу поволен период, особено кога станува збор за финансиите.

Љубов: Марс, владетелелот на астролошкото поле на партнерство ви носи можност за тајна љубов со многу помлад партнер.. Родените во средната декада на знакот ќе имаат голема забава, во летниот период. Почетокот на јули е соодветен за поврзување со Лав, или некој кој често патува. Затемнувањето на Сонцето ќе влијае на чувствителните и амбициозни Ваги, кои не се многу прилагодливи на промени и ова лошо ќе влијае на нив од 20 Мај и 13 Ноември, со што значително ќе влијае на нивниот статус во врската. Септември и октомври се идеални за оние кои претпочитаат динамични, забавни и духовити личности. Слободните Вага ќе привлечат харизматична личност, која ќе биде способна да заработи доволно пари и да се истакне во јавноста. Астероидите на љубовта склони се кон тајни љубовни врски со личности кои живеат во странство.

Здравје: Дополнителен физички ангажман, прошетка или одмор позитивно ќе делува на вашето тело, и тогаш ќе се чувствувате посреќни и посмирени. Можност имате за привремена нервна чувствителност или повремени главоболки. Важно е дека се однесувате умерено и внимателно и се грижите за вашето здравје.

Совет: Кон партнерот бидете повеќе наклонет отколку што сте. Оние кои ќе влезат во нова врска, нека постапуваат мудро. Неконтролираниот јазик може да ви донесе негативни поени. Поволен период од 27.03. да 16.05. и од 07.10. до крајот на годината.

Шкорпија

ШКОРПИЈА 24.10 - 21.11

Работа: Ова може да биде многу важна година за вас. Ако во 2011 година ги поставивте темелите за нов бизнис и значајни контакти, тогаш бидете дискретни и внимателни помеѓу 24 до 29 Јануари и 13 Април, бидејќи Марс ќе оди на ретроградно патување за што вашите потенцијални соработници може да се поколебаат дали да ја прифатат вашата понуда или не. Од 10 Април до 17 Септември и Плутон, вашиот владетел, исто така, планетата на моќта и харизмата, ќе е ретроградна во знакот на Јарец. Пролетта ќе биде многу напорна, но вие сакате предизвици, и во март ќе се обидете да воспоставите соработка со Водолија и Овен. Затемнувањето на Сонцето на 4 Јуни во астролошкото поле на парите и работата, ви носи можност за проширување на соработката со Рак или Лав. Сепак, ќе бидете многу успешни, бидејќи имате моќни бизнис партнери. Тоа оваа година ќе биде уште поизразено поради Јупитер, планетата на богатството, славата, и владетел на вашето астролошко поле, после12 години ќе биде во знакот на своето издигнување во Бик. Секоја работа со недвижности и приватни компании ќе ви носи профит. На крајот на август, ќе бидете одлучни кога станува збор за нов бизнис план. Затемнување на Сонцето во вашиот знак  од 13 Ноември ќе донесе кратко одложување на извршување на плановите, но од 17-ти Ноември ќе добиете поддршка од личности во знакот на Шкорпија, Јарец или Риби.

Љубов: Влегувањето на Нептун, планетата на ентузијазам, фантазија и љубов во вашето астролошко поле на љубовта, ви носи можност за нова љубов, но во времето на транзит низ ретроградниот Марс, нема да се двоумите да навлезете во нешто ново, а вам нема да ви биде јасно дали партнерот е искрен, но сепак ќе биде подготвен/на да ви даде внимание и љубов колку што ви треба. Цело време ќе бидете под заштита на Јупитер во Бик, и ќе бидете многу сакани во друштвото. Од 15 Мај до 27 Јуни може да имате љубоморна сцена, посесивен партнер кој ќе биде многу посветен на неговата кариера. Во време кога Венера привидно малку ќе го затемне Сонцето, во својот транзит од 5 и 6 Јуни, ако сте слободни, можно е една средба да означи почетокот на врска, особено ако станува збор за некој што го знаете преку работа или ако сте во љубов со колега/колешка, и можно е да имате предлог за брак, заедничко живеење или проширување на семејството.

Здравје: Можно е вашите здравствени проблеми најчесто да бидат предизвикани од дополнителни психолошки стрес и притисок, на кои ќе бидете изложени поради својата кариера и интерперсонални врски или односи. Повремени главоболки, проблеми со видот и концентрацијата се несаканите ефекти ако премногу го форсирате вашето тело на голем напор..

Совет: Она кое ве гуши и ви создава непотребни проблеми, потребно е да го отстраните. Ориентирајте се на највкусните плодови на животот кои ви се нудат. Поволен период од 01.05. до 30.07. и од 12.09. до 16.11.

Стрелец

СТРЕЛЕЦ 22.11 - 21.12

Работа: Неколку години, претставници на вашиот знак се обидуваат да дојдат до израз и имаат впечаток дека нивното знаење на никој не му треба и дека тие не се ценети доволно. Но, и покрај тоа, многу сте вредни и во текот на годината, ваша главна грижа ќе биде како да ги убедите претпоставените да ви дадат шанса. Марс во астролошкото поле на кариерата од 23 Јануари до 13 Април го успорува развојот, но и покрај тоа нема да се откажете од своите планови. Сè што ќе направите во пролет ќе можете да наплатите само во есен. Ретроградната Венера, владетел во астролошкото поле на работата и јавноста, од 15 Мај до 27 Јуни може да донесе ненадејна популарност и голем успех. Транзицијата на Јупитер од Бик во Близнаци, во вашето астролошко поле на партнерски односи, значи соработка со странство. Вашиот знак може да има најмногу среќа во справувањето со странци, особено Италијанци, Германци и Руси. Во средината на август, некој договор со пријателите може да падне во вода поради виша сила, но тоа нема д аве деморалиса. Влегувањето на Нептун во Риби на почетокот на годината совршено се одрази на оние Стрелци кои имаат бизнис со странци.

Љубов: Комуникацијата, како и сите форми на патување, оваа година ќе обезбедат најдобри резултати. На овој начин ќе дојдете и до нова врска, како и остварување на емоциите. Самиот почеток на годината носи превирања на настаните и промени на секаков вид. Веќе во втората половина на годината, влегувањето на Јупитер во вашата констелација најавува настани, но исто така и носи можност за започнување на заеднички живот заедно со вашата сакана личност. Влегување во заеднички живот, како и добивање на потомство, може да бидат поттикнувачи на идејата за брак.
Повеќе убави промени, и повеќе среќа може да очекувате од 4 април до 9 август, кога Венера, планетата на љубовта е во вашата констелација.  Ќе биде актуелна нова љубов доколку сте сами и многу убави настани каде што ќе нема место за монотонија. Од 17 мај до 30-ти јуни има тенденција да се врати старата љубов и малку да ги измеша чувствата. Потоа ќе имате можност да ги подобрите односите со поранешниот партнер. Од 30 октомври до 24 ноември, се најавува поголема среќа и задоволство во љубовта. Ова е година на заплети и измешани чувства каде што се „оживува„ минатото кое се меша со сегашноста. Ова ќе е година исполнета со конфузија во љубовното поле.

Здравје: Ништо не е како што беше порано, ниту ќе биде. Ние самите не знаете кој е точниот лек со кој ќе ги излекувате болестите. Повеќето од вас треба да разберат дека забоболката не е болест.

Совет: Оваа година ѕвездите ќе бидат наклонети. Се што ќе се случува околу вас, ќе биде со некоја причина. Избегнувајте озборувања и не паѓајте на било какви провокации. Погодно време е од 18.06. да 23.07. и од 03.11. до крајот на годината.

Јарец

ЈАРЕЦ 22.12 - 20.01

Работа: Се она кое ќе го „посеете„ во текот на годината ќе го оберете дури кон крајот на годината во октомври и во текот на следните две години, така што погрижете се да "посеете" повеќе. Кон крајот на јануари, ретроградниот Марс преминува во Девица и трае до 13 април. Искористете го тоа време за обука, учење и контакти со деловни партнери. Сатурн, владетелот на вашиот знак, исто така, се движи ретроградно па се до крајот на јуни своите планови ќе ги држите во тајност и нема да  ги открие никому, освен на тесен круг на пријатели, Водолија, Вага или Бик. Во почетокот на март ќе бидете многу ангажирани во бизнисот и можно е да работите на голем проект. Влегувањето на Венера, планетата која владее со вашето астролошко поле на кариера во Близнаци, носи големи можности на бизнис планот од 15 Мај, а по овој датум почнуваат проблеми, кои ќе траат до крајот на јуни. Потпрете се на своите колеги особено на оние родени во Вага или Бик, можеби Рак, ќе ви решат важни прашања, затоа што во вашето астролошко поле на работа, ќе дојди до ретка појава кога Венера барем накратко го затемнува Сонцето, 5 и 6 Јуни, така што ќе се искачите на повисока позиција и ќе ја наметнете својата волја. Во средината на август можни се финансиски проблеми, но на крајот на август, приклучувањето на Марс во Шкорпија од 4 Октомври, кога Сатурн, вашиот владетел влегува во Шкорпија, ќе добиете потребна помош или ветени пари. Од 17-ти Ноември, проблемите ќе бидат решени многу поодлучно и поуспешно.

Љубов: Владетелите на астролошките полиња на љубовта, Венера, Месечината и Меркур, оваа година, навистина ќе направат да „страдате„. Романсата со некој што го гледате на работа, може да се искомплицира во јуни, особено кога Венера малку го прикрива Сонцето од 5 и 6 Јуни, и ќе следуваат љубоморни сцена, незадоволство, и многу ќе размислувате за разделба или развод. Оние кои се во паралелна врска ќе треба да ја дефинираат. Месечината, владетелот во астролошкото поле на бракот и партнерство, два пати ќе биде затемнет и како астероид Карма од четврт Јуни влегува во ова поле и кон крајот на мај ќе транзитира преку него, а тоа значи до крајот на јули ќе започнете нова романса. Ако веќе имате некоја личност покрај вас, тогаш ви стои можност да сретнете некоја нова личност на патување, со која ќе започнете авантура. Новото затемнување на Сонцето кое ќе ја размрда вашата врска, ќе се случи од 28 Ноември, но пред тоа во средината на август, ако влезете во врска со Вага, Овен или Јарец. Можете да очекувате стабилизирање на односите и планирање брак, а ако веќе сте во брак, можност за нова станбена површина. Ако сте романтичен Јарец, особено уметник, може да сретнете лице кое е исто така ангажирано во уметноста и со кое ќе започнете еден убав однос.

Здравје: Малата главоболка не претставува никаква опасна болест. Доколку е потребно посетете ги вашиот лекар, и не поставувајте самите дијагноза. Ако бидете опкружени со весели луѓе, помалку ќе бидете оптеретени со „болестите„ кои ги имате.

Совет: Бидете  она кое сте, а не нечија лоша копија. Престанете да примате навреди од луѓе кои не се достојни за вашите нерви. Такви ќе има многу околу вас, но за жал поголемиот дел од соседите. Ниту со тврдоглав став нема да ги решите работите. Најдобро е да ги игнорирате. Погодно време е од 10.01. до 24.02. и од 17.04. да 01.06.

Водолија

ВОДОЛИЈА 21.01 - 18.02

Работа: Освен популарноста и квалитетниот друштвен живот, претставниците на вашиот знак претпочитаат финансиска сигурност. Под влијание ќе бидете на планетите Уран и Сатурн, кои ви носат сериозност, ограничувања и дисциплина, затоа потрудете се да ја искористите моќта на планетите, кои со својата позиција во астролошкото поле на духовноста и образованието, ќе ви помогнат лесно да ги вршите задачите или да бидете успешни во областа на интелектуалната работи до 4 октомври. Многу Водолии ќе најдат работа во банка или финансиска институција. Сепак, пролетта носи многу различни промени. На крајот на март ќе може да добиете бизнис предлог. Меѓутоа, Уран во Овен е главниот командант на целиот Зодијак, па ако сте јануарска Водолија лесно ќе најдете заеднички јазик со претпоставените или бизнис партнерите, а добри финансии ве чекаат од 3 Јули кога пари доаѓаат и си одат. Во јуни и август, немојте да влегувате во финансиски комбинации кои немаат покриеност, додека на крајот на август и септември ќе имате голема работа. Во времето на затемнување на Сонцето, 20 Мај и 13 Ноември, бизнис партнерите нема да ви бидат сигурни и затоа во тоа време не потпишувајте договори, затоа што во спротивно нема да успеете да го постигнете тоа што го очекувате.

Љубов: Сонцето, владетел на вашето астролошко поле на партнерство, во текот на годината ќе биде под различни аспекти на Уран, владетелот на вашиот знак, кој премногу често ќе го менува вашето расположение. Вашиот знак сака да доминира во вербална смисла, а таа способност ќе биде намалена во времето на ретроградниот Марс од крајот на јануари до 13 Април, и така, во овој период не треба да влегувате во секоја дискусија со Овен, Шкорпија или Лав. Нова и доста комплицирана љубовна приказна ќе започнете на почетокот на март со лице кое најверојатно ќе биде само за краток флерт, а во  Април, се приклучува Венера во Близнаци кога ве прави нетрпеливи, ќе се заљубите од 15 Мај  сосема ќе бидете немоќни да се спротивставите на шармот на некој кој ќе бара многу од вас, но сепак подготвен со вас за било каков вид на компромис. Затемнувањето на Сонцето на 20 Мај носи можност за паралелна врска, а овој тренд ќе продолжи до крајот на јуни. До 11 Јуни, членовите на семејството ќе имаат големо влијание врз вас и ќе се обидат да ве контролираат, затоа што нема да ви веруваат дека правите добри потези во љубовта. Главниот шок ќе следи по 11-ти Јуни, кога ќе се приклучи Јупитер во вашето астролошко поле на љубовта, кога ќе се однесувате како да сте во пубертет, заљубено и доста неодговорно, без оглед на возраста. Во јули и август ќе станете "попријатни", но веќе во септември и октомври на хоризонтот се нови симпатии. Ова ќе е бурна година за многу Водолии кои повеќето ќе го прошират семејството или ќе застанат пред матичар.

Здравје: Некои Водолии не треба да дозволат да ги игнорираат сигналите на телото, дури и во почетокот на годината. Сето тоа треба навреме да се спречи и последиците ќе бидат минимални. Немојте да бидете мрзливи за себе, и да бидете окупирани со другите. Дозволете љубовта да ве лекува.

Совет: Итно потребно е да се ослободите од љубомората, која ќе ве „изеде„. Помош не е срамно да се побара, доколку самите не знаете како да се решите од неа. Ова важи за сите, особено за Водолиите кои имаат животни промени во кои нема да можат најдобро да се справат. Поволен период од 11.02. до 30.03. и од 21.07. до 29.08.

Риби

РИБИ 19.02 - 20.03

Работа: Родените во почетокот и средината на седумдесеттите и осумдесеттите години ќе бидат во најголема дилема за тоа што одлуката да донесат, бидејќи може да биде многу значајна за иднината. Сепак, до почетокот на јули, некои работи потешко ќе се одвиваат. Вашите визии и соништа треба да  бидат "поддржани" од Марс, планетата на акција и владетел на вашето астролошко поле на пари и работа, но со својата позиција нема да биде поволна, посебно ако сте водач во душата. Ако имате храброст да се вклучите во приватен бизнис, тоа не треба да го сторите до крајот на есента. Изведувајте рутински задачи и не влегувајте во полемика со некој, но затоа може да сметате на личност во знакот на Шкорпија или Јарец која ќе ви помогне да направите чекор напред. Од средината на мај до крајот на јуни многумина ќе започнат да се занимаваат со решавање на практични проблеми, работата ќе биде конструктивна и слободно ќе можете да очекувате подобрување на работите и покрај тоа што ќе бидете многу  критикувани, сепак успехот е на ваша страна. Но повторно на почетокот на јуни тешко дека ќе успее да најдете заеднички јазик со претпоставените или бизнис партнерот..И во почетокот на септември се можни конфликти, но и нови бизнис зделки со помлади соработници. Вашето време за настап е од крајот на август и ќе трае до крајот на годината.

Љубов: Ако во текот на претходната година бевте заљубени, од почетокот на април до август, а потоа врската се искомплицирала, сега ќе имате можност да го поправите впечатокот, но немојте да ја примените истата тактика на заведување. Партнерот сега ќе бара многу повеќе од вас, но ќе е и многу порешителен. Астероидот Кирон во вашиот знак со Нептун, вашиот владетел, ќе бара од вас голема трансформација во согледување  не само на љубовните проблеми, туку, исто така и сопствена одговорност, особено ако врската или бракот не се задоволителни. Обидете се да ги надминете траумите од минатото, лошите спомени и влијанието на семејството. Само кога ќе бидете целосно слободни во секој поглед, а пред се духовно, ќе бидете во можност да доживеете вистинска љубов. Искористете ги предностите на транзитот на Јупитер кој ви е наклонет и потрудете се да воспоставите добра комуникација со вашиот партнер или некој кој ви е мил, бидејќи од 11 Јуни за ова ќе ви треба многу повеќе трпение, особено ако сте февруарска риба. Во јули и август ќе можете да доживеете романса и крајот на летото и есента ви носат страсна врска со амбициозна личност. Родените пред крајот на знакот ќе бидат многу похрабрии ќе се впуштат во авантура, а февруарските Риби ќе имаат желба за брак. Идеални партнери се Јарец, Шкорпија и Риби.

Здравје: За живот е потребна мудрост. Ако ја користите, животот ќе ви биде многу поздрав, па дури и повеќе интересен. Колку ќе вложувате во здравјето, така и ќе ви се врати. Потребно е само да го промените начинот на исхрана и да внесете повеќе физичка активност.

Совет: Некој максимално ќе ја искористи вашата добрина. Животот може да биде многу по пријатен ако понекогаш некои работи ги поставите на право место. Но вие како и секогаш ќе работите нешто, но ништо конкретно. Погоден период  е од 28.02. до 02.04. и од 14.08. до 19.10.

Hits: 3574
Коментари (2)Add Comment
...
Коментирано од B52, јануари 27, 2012
Super e pofalbi za horoskopot, pa da vidime dali ke izleze nesto od napisanoto za Bik...Ako ne mislete mu ja, haha.
...
Коментирано од ..., април 12, 2012
like...

Што мислите за оваа вест
Намали прозорец | Зголеми прозорец

busy

Соновник

 

Резултати

 

Годишен хороскоп

 

Ваши писма

 

Прати не...